ФЕИТ Скопје
     

 
 

Успешно одбележана 50 годишнината на ФЕИТ

На 18 јуни, празнувајќи го заедничкиот јубилеј, Свечената академија заеднички ја организираа Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет. Настанот, кој се одржа во хотелот "Александар палас”, беше свечено отворен со настапот на хорот "Мирче Ацев” од Скопје. Свое обраќање имаа Деканите на трите факултети, од кои прв со пригоден говор до присутните се обрати Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски. Од поканетите гости, говор одржаа и Министерот за образование и наука, г. Перо Стојановски, и Ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј” во Скопје...
повеќе    
TOP

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии

Во согласност со член 110 од Законот за високото образование и чл. 150 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 129-та. седница одржана на 13.3.2009 година, и Одлуката на Владата на РМ за бројот на студентите за запишување во прва година на државните високообразовни установи во учебната 2009/10 година бр. 19-1732-5 од 11.5.2009 година (Сл. Весник на РМ бр. бр. 59 од 11.5.2009 година), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2009/10 година.

Документите од конкурсот можат да се најдат на сајтот на УКИМ.

повеќе    

TOP

Предавање на тема: "It's a mobile world"

На 18.06.2009 година (четврток), со почеток во 12.00 часот, во салата за состаноци на ФЕИТ ќе се одржи предавање на г-дин Francois Martin, NXP Software B.V., на тема: "It's a mobile world". Темата ги опфаќа современите трендови кај корисничките апликации за мобилни телефони. Г-динот Martin е координатор од страната на NXP Software на истражувачкиот проект во областа на дигиталното процесирање на видео, кој го спроведува тимот за процесирање на слика (DIPteam) ...

повеќе    

TOP

Тренинг курс на тема „Бизнис модели за дистрибуирано производство на ЕЕ“

Во рамките на проектот South East Europe Continuing Education Network, EC Project TEMPUS_CD_JEP-41154-2006, ќе се одржи тренинг курс со наслов: Business Models For Distributed Energy Generation (Бизнис модели за дистрибуирано производство на ЕЕ). Тренинг курсот ќе се одржи во Лабораторијата за основи на електротехника на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ), од 19 – 20 јуни 2009 година. На курсот ќе се презентираат следните теми ...

повеќе    

TOP

Четврта летна школа за Безжични Сензорски Мрежи, Охрид - senZations'09

FP7 проектите ProSense (www.prosense-project.eu) и SENSEI (www.sensei-project.eu), ве покануваат на традиционалната, четвртата по ред летна школа за Безжични Сензорски Мрежи - senZations'09. Летната школа ќе се одржи во Охрид, во хотелите Метропол и Турист (www.metropol-ohrid.com) од 1 до 5 Септември, 2009 год. Реномирани предавачи, меѓу кои Mary Ann Ingram, Petri Mahonen, Zach Shelby, Srdjan Krco и Mario Gerla ќе презентираат најнови достигнувања од областа на Безжичните Сензорски Мрежи. Темите кои ќе бидат опфатени вклучуваат: кооперативност, ефикасни хардверски и софтверски решенија, безбедносни аспекти како и  можности за примена на сензорските мрежи и нивни апликации....

повеќе    

TOP

Голем електро-инженерски пикник

По повод одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје, на 20.06.2009 год. (сабота) од 11 до 24 часот во кампусот на ФЕИТ, Карпош 2, б.б., ќе се организира ГОЛЕМ ЕЛЕКТРО-ИНЖЕНЕРСКИ ПИКНИК, со покана за присуство на сите свои поранешни студенти. Пикникот ќе претставува можност за меѓугенерациски средби и дружење. Во рамките на програмата за пикникот се предвидува: забава со жива свирка и DJ-и, скара и пијалаци, посета на Факултетот и лабораториите, разни натпревари (борби со роботи, компјутерски игри, игри без граници), тестови на интелигенција, изложби, детски забавен парк, ...

ПОВЕЛЕТЕ ПОВТОРНО НА ИСТОТО МЕСТО КАДЕ ШТО СТУДИРАВТЕ!

повеќе    

останати
TOP

Доделено признанието „Инженерски прстен 2009“

Доделувањето на признанието „Инженерски прстен 2009“ оваа година се одржа на платото пред Св. Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, во Охрид, на 12ти јуни, со почеток од 11:00 часот. Инженерската институција на Македонија, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов, почнувајќи од 2004 година доделува признание „Инженерски прстен“, на најдобрите дипломирани студенти на инженерските факултети. Ова признание претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји, што е основен предуслов за вклучување на Република Македонија во европското семејство...

повеќе    

TOP

Одржан „Data Logging семинар“ на National Instruments во Амфитеатарот на ФЕИТ

На 02.06.2009 год. National Instruments одржа семинар од отворен тип, на кој слушателите ги запозна со примената на виртуелните платформи за аквизиција на сигнали и нивна анализа во лабораториски и индустриски апликации.

повеќе    

TOP

Презентација на проектот „Истражување на ветровата енергија во Република Македонија“

На 29. 05. 2009 год. во Салата за состаноци на ФЕИТ, се одржа презентација на резултатите од научно-истражувачкиот проект „Истражување на ветровата енергија во Република Македонија“, чиј раководител е в. проф. Владимир Димчев. Повеќе информации за проектот можете да добиете на web-страницата windmacedonia.feit.ukim.edu.mk.

повеќе    

TOP

Основано Македонско здружение за енергетска електроника, погони и управување, МАК-ЗЕЕПУ

На 27. 05. 2009 година во Салата за состаноци на ФЕИТ беше одржано Основачко собрание на Македонското здружение за енергетска електроника, погони и управување. За претседател е избран проф. д-р Слободан Мирчевски, за потпретседател е избран в. проф. Гога Цветковски, а за генерален секретар на Здружението е избран в. проф. Влатко Стоилков. Како главна програмска задача на Здружението во следниот период ќе биде организацијата на Меѓународната научна конференција EPE-PEMC 2010, што ќе се одржи во септември 2010 година во Охрид. На Собранието се избрани и три почесни членови на Здружението: проф. д-р Тодор Јакимов, акад. проф. д-р Георги Демировски и проф. д-р Томислав Џеков.

повеќе    

TOP

Голема студентска забава и „Наука за сите“

Во рамките на Програмата за одбележување на 60-годишниот јубилеј на УКИМ, предвиден е и настанот “Наука за сите”, кој ќе се одржи на плоштадот Македонија на 24.05. од 11 до 13 часот. ФЕИТ, преку Центарот за нови студенти, ќе се претстави пред јавноста со свој штанд. Добредојдени се сите кои ќе имаат можност или желба да дојдат.

Претходната вечер (23.05. од 22 часот), исто така на плоштадот Македонија, ќе се одржи настанот “Голема студентска забава”.

повеќе    

останати
















Информации од јавен карактер
 
Информациите од јавен карактер од листата можете да ги добиете од г-ца Розита Петринска, координатор, на следнава електронска адреса:

informacii@feit.ukim.edu.mk

телефон: 02/ 30 99 187
факс: 02/ 30 64 262
 

Центар за нови студенти
 
Контакт:
cns@feit.ukim.edu.mk
 

Студентски пракси и вработувања
 
Погледнете ги моментално активните понуди.
 

УКИМ

FEITle
Портал за поддршка на учењето

ФЕИТ презентација
Мултимедијална презентација за идните студенти


ФЕИТ брошура
ФЕИТ брошура за идните студенти


Мајкрософт академија на ФЕИТ



ИТ стипендисти на Владата на РМ на ФЕИТ
 
 

Стипендисти на Johnson Controls на ФЕИТ