ФЕИТ ги поддржува целите за одржлив развој

Во 2015 година, светските лидери ја усвоија Агендата за одржлив развој до 2030 заедно со 17 цели за одржлив развој (ЦОР). Целта на овие документи е да послужат како патека за глобален одржлив развој. Амбициозните цели од Агендата за одржлив развој до 2030 опфаќаат три димензии на одржлив развој – економски раст, социјална вклученост и заштита на животната средина. Нивната заедничка цел е да се придонесе во справувањето со климатските промени, уништувањето на животната средина, прекршувањето на човековите права, сиромаштијата и социјалните нееднаквости.

Имајќи предвид дека акциите кои се преземаат денес, можат да придонесат за постигнување одржлив свет во иднината, ЦОР се инкорпорирани во студиските програми на ФЕИТ на сите циклуси на студирање. Веруваме дека сме одговорни да ја подигнеме свеста меѓу студентите и широката заедница за важноста на ЦОР и да воведуваме одржливи практики во нашата работна средина.
Студиските програми од прв циклус на ФЕИТ се поврзани со осум ЦОР и 16 специфични цели на ЦОР. Во најголема мера, студиските програми се поврзани со ЦОР 7 – Достапна и чиста енергија.

ЦОР поврзани со студиските програми од прв циклус – приказот е направен со помош на алатката за мапирање на ЦОР во текст SDG Mapper, https://knowsdgs.jrc.ec.europa.eu/sdgmapper