Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ за режимот на студирање на прв циклус студии

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ за режимот на студирање на прв циклус студии

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

за режимот на студирање на прв циклус студии

 

I Премин на нови студиски програми:

  1. Студентите запишани на Факултетот заклучно со учебната 2011/ 2012 година кои до почетокот на учебната 2013/2014 година не се стекнале со 60 крeдити, доколку сакаат да продолжат да студираат се префрлаат на новите, соодветни студиски програми според ЕКТС.
  2. Студентите запишани на Факултетот заклучно со учебната 2011/2012 година кои до почетокот на учебната 2014/2015 го­дина не се стекнале со 120 кредити, доколку сакаат да про­дол­жат да студираат се префрлуваат на новите, соодветни студиски програми според ЕКТС.

Прилог: одлука бр. 02-2131/49

II Следење на настава на старите студиски програми

Факулетот им овозможува на студентите запишани на старите студиски програми по ЕКТС (пред 2012/2013 година) да посетуваат настава по запишан соодветен предмет (не положен предмет)  во два последователни зимски/летни семестри. Притоа, кога студентот по втор пат запишува предмет што:

  1. е еквивалентиран со предмет од новите студиски програми, наставата се одвива според програмата од предметот по новите студиски програми,
  2. не е еквивалентиран со предмет од новите студиски програми, наставата се одвива менторски кај наставникот од кој последен пат има добиено потпис. Наставникот има обврска една година да организира колоквиуми/испити по тој предмет,
  3. е еквивалентиран со предмет од новите студиски програми, при што по новите студиски програми преминал во друг семестар (на пример од зимски во летен или обратно), наставата се изведува менторски. Наставникот има обврска една година да организира колоквиуми/испити по тој предмет. Ако студентот не го положи предметот до наредниот семестар кога предметот се активира по новите студиски програми може да посетува настава без предметот да се запишува во тој семестар и да го полага преку колоквиум,
  4. е еквивалентиран со предмет од новите студиски програми, при што по новите студиски програми преминал во повисок зимски или повисок летен семестар наставата се одвива менторски. Наставниокот има обврска една година да организира колок­виуми/испити по тој предмет. Ако студентот не го положи предметот до наредниот семестар кога предметот се активира по новите студиски програми го презапишува предметот во тој семестар.

III Следење на настава од страна на студентите што преминале на новите студиски програми

Студентите кои преминале на новите студиски  програми според ЕКТС не можат да следат (запишат) предмет од повисок семестар.

IV Премин на студенти од државна во квота со кофинан­сирање

А. за студентите запишани заклучно со учебната 2012/2013

Студентите запишани заклучно со учебната 2012/2013 година преминуваат од државна во квота со кофинансирање ако запишат даден предмет по трет пат. Одлуката стапува на сила при уписот на летен семестар во учебната 2013/2014 година.

Б. за студентите запишани за прв пат во и по учебната 2013/2014

Студент запишан со партиципација на трошоците за студирање, го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинан­сирање) ако:

- еден предмет запишува по трет пат;
- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен) - Член 323 од Статутот на УКИМ.

 

Продекан за настава

Проф. д-р Христина Спасевска