Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение - Заверка на зимски и запишување на летен семестар во академската 2017/2018 година

Соопштение - Заверка на зимски и запишување на летен семестар во академската 2017/2018 година

Објавено на 16.1.2018 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Заверка на зимски и запишување на летен семестар

(за студентите од прв циклус студии)

 

Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семес­тар во учебната 2017/2018 го­дина ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот

од 1.2 до 6.2.2018 година

 

Студентите запишани според ЕКТС заклучно со учебната 2011/2012 кои не преминале на новите студиски програми, електронското пријавување ќе го вршат преку порталот:

ssluzba.feit.ukim.edu.mk.

Студентите запишани во и по учебната 2012/2013 на новите студиски програми како и студентите кои преминале на истите, електронското пријавување ќе го вршат преку информацискиот систем на:

www.iKnow.ukim.mk, со претходна најава.

Електронското пријавување  е задолжително за сите студенти.

По овој рок електронското пријавување ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест за административни трошоци од 500,00 ден.

НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.

На шалтер нема да бидат примани некомплетни документи.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Потребни документи за заверка на зимски семетар:

  1. Индекс
  2. Семестрален лист (образец А4 за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар со уплатница за административна такса од 50,00 денари.
  3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на рата на жиро сметка на Факултетот.
  4. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во изминатиот семестар. Електронската анкета се пополнува на адресата: anketa.feit.ukim.edu.mk и таа ќе биде достапна од 1.2.2018 година.
    • Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар. Треба да се испринта последната страна од анкетата како доказ за изработена анкета.

Потребни документи за запишување на летен семестар:

  1. Индекс
  2. Образец А3 за запишување семестар двостран со уплатница од 50,00 ден. за административна такса.
  3. Интерен пријавен лист за запишување предмети (треба да се достави интерниот лист кој ќе се испечати од веќе направениот електронски избор. Студентите кои немаат можност да ги испечатат интерните листови ќе имаат можност тоа да го направат во ФЛАОП).
  4. Студентите кои запишуваат завршен/последен семестар, покрај уплатата за тековно запишаните кредити, треба да уплатат и 3 кредити за реализирана пракса на факултетската жиро сметка (задолжително да се уплати со засебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса).

НАПОМЕНА: Двете уплати за административни такси (за образецот А3 и А4) можат да се извршат на една уплатница од 100,00 ден.

Студентите кои пријавувањето ќе го вршат преку iKnow системот уплатите за административна такса можат да ги извршат преку мобилен телефон (задолжително кодот да се впише на определеното место на образецот и да се валидира во iKnow апликацијата).

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на семестарот

  1. Студентот може да го завери зимскиот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
    • потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот.

2. Семестарот може да се завери и без потпис за предметите за што се плаќа НАДОМЕСТ од 1.000,00 ден. на жиро сметката на Факултетот (незаверените предмети не може да се полагаат, уплатата од 1.000,00 денари е за да можат да се заверат останатите, реализирани потписи).

      • Студентот нема право да ги полага испитите по предметите за кои не ги исполнил академските обврски (нема потпис). Овие предмети студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година (2018/2019).

Услови за запишување на семестар

Дополнителни документи за запишување семестар

  • Студентите треба да достават уплатница за вториот дел од финансиските обврски за студирањето на жиро сметката на Факултетот согласно планот направен при нивното запишување:
    • За студентите запишани во државна квота финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6.150,00 ден), односно цената на 1 кредит изнесува 205,00 ден.
    • За студентите запишани во квота со кофинансирање финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска против­вредност (12.300,00 ден), односно цената на 1 кредит изнесува 410,00 ден.

Правила за запишување летен семестар

  1. Секој студент е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша според следните правила:
        • По правило студентот во секој се­ме­стар запишува предмети со вкупно 30 кре­ди­ти.
        • Максималниот број на за­пи­ша­ни­те кредити може да изнесува најм­но­гу 35 кредити.
        • Минималниот број на за­пи­ша­ни­те кредити може да изнесува најмалку 21 кредит (исклучок се студентите во последен семестар, кои може да запишат и помалку од 21 кредит, бидејќи го имаат реализирано потребниот број кредити до дипломирање).
  2. При запишувањето на семестарот сту­ден­тот првo ги запишува непо­ло­же­ни­те задолжителни и изборни предмети од прет­ходниот летен семестар, потоа за­дол­жи­тел­ни­те предмети од тековниот се­ме­стар и на крај изборните предмети од тековниот семестар.
  3. Задолжително во Службата за студентски прашања да се достави печатена верзија на листата со избрани предмети. По горе дефинираниот рок за запишување на семестар, електронскиот пристап ќе биде оневозможен и ќе треба да се достави молба до Деканатот и надомест за задоцнето пријавување/запишување од 500,00 ден.
  4. Студентите ќе може да посетуваат настава само на предметите што им се одобрени, во паралелката и кај предметниот наставник според распределбата направена од Деканатот на Факултетот.
  5. Согласно член 323 од Статутот на УКИМ и член 14 од Правилата за студирање на ФЕИТ , студент запишан во државна квота со партиципација на студиите, преминува во квота со кофинансирање на студиите, ако:
  • запише предмет по трет пат
  • не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).
  • 6. Сту­ден­ти­те кои ќе сакаат да за­пи­шат поголем број кредити од 35 бараат одо­бру­ва­ње (писмено, преку архивата на Фа­кул­те­тот) од Продеканот за настава. Ус­лови за запишување на повеќе од 35 кре­ди­ти се: положени предмети и осво­е­ни сите кредити од сите претходно запишани пред­ме­ти и просечна оцена најмалку 8,5 од по­ло­же­ни­те предмети.

Упис на семестар на студенти кои се во завршен - последен семестар од студии по ЕКТС

Студентите кои се во последен семестар на студии треба да достават:

  • Индекс
  • Образец А4 за заверка на семестар со 50,00 ден. за административна такса (доколку се слушани предмети во зимскиот семестар)
  • Образец А3 за запишување на семестар со 50,00 ден. за административна такса
  • Интерен пријавен лист (дипломскиот труд се запишува/презапишува како задолжителен предмет)
  • Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно заверена во архивата на Факултетот и уплата за административна такса од 50,00 ден.)
  • Уплата за партиципација на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање) или, студенти кои го имаат пријавено дипломскиот труд во претходниот зимски семестар, плаќаат само 1000,00 ден.,административни трошоци за упис на празен семестар
  • Уплата за три кредити за валоризација на кредитите од студентската пракса (се плаќаат на одделна уплатница)
  • Анкета (ако се слушани предмети во зимскиот семестар)

Дипломскиот труд задолжително се пријавува доколку студентот освоил 200 кредити по сите основи (положени испити, извршена студентска пракса, реализирани семинари/курсеви) и ги има ислушано/заверено задолжителните предмети од претходниот зимски/летен семестар.

Студентот пополнува пријава за дипломски труд во четири примерока. Потпишаната и пополнета пријава од страна на студентот и менторот, студентот ја заверува во студентската архива и ја доставува во Службата за студентски прашања. При електронското пријавување, студентот го запишува и дипломскиот труд на начин како што запишува предмет и при тоа уплаќа средства за 8 кредити колку што носи дипломскиот труд.

Доколку запишаниот дипломскиот труд во овој семестар, не биде одбранет до уписот на следниот летен семестар во учебната 2018/2019 година истиот се презапишува, со можност за промена на ментор и тема. Дипломскиот труд се брани откако студентот ќе освои најмалку 232 кредити, односно ги положи сите задолжителни и изборни предмети. Препорачаниот рок за одбрана на дипломскиот труд е три месеци од положувањето на последниот испит (не се смета 1 месец во текот на летото, поради годишни одмори).

Кај еден ментор максималниот број на студенти кои можат да пријават дипломски труд е 10 студенти, а со посебно барање до Продеканот, може да биде зголемен до 15 студенти (во период од 15.9.2017 до 14.9.2018 година).

  • Студентите кои имаат пријавено дипломски труд и доколку истиот го одбранат до 1.2.2018 година, немаат обврска за запишување летен семестар.

  • Студентите кои го запишале дипломскиот труд во претходниот летен семестар и истиот нема да го одбранат до 1.2.2018 година, ќе треба повторно да го запишат/пријават дипломскиот труд при што повторно уплаќаат 8 кредити.

  • Студентите кои пријавиле дипломски труд во зимскиот семестар и истиот нема да го одбранат до 1.2.2018 година, а ги имаат положено сите испити, должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница од 1.000,00 денари за административни трошоци на жиро сметка на Факултетотот.

 

Финансиски обврски

РЕДОВНО запишаните студенти, покрај горенаведените документи, треба да достават и уплатница на жиро-сметката на Факултетот за реализирани финансиски обврски (уплатница за партиципација - државна или кофинансирање) согласно следните цени на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:

Година на запишување

Студиска програма

Начин на студирање

Цена на кредит

2004/05 до 2011/12

Сите

Државна

204,00

2012/13 до 2017/18

Сите

Државна

205,00

2004/05

Сите

Кофинансирање

408,00

2005/06 и 2006/07

ИКИ, ИНФО

Кофинансирање

510,00

КСИА, ТК, ЕРПС

Кофинансирање

408,00

ЕЕС,ЕЕиУ,ЕЕУ,КИЕЕ

Кофинансирање

310,00

2007/08

Сите освен ИНФО

Кофинансирање

612,00

ИНФО

Кофинансирање

510,00

2008/09 и 2009/10

Сите

Кофинансирање

612,00

2010/11 и 2011/12

Сите

Кофинансирање

408,00

2012/13 до 2017/18

Сите

Кофинансирање

410,00

Примери:

Ако студент во државна квота запишува 30 кредити, неговите финансиски обрски изнесуваат:

30 x 205,00=6.150,00 денари.

Студент во квота со кофинансирање што запишува 30 кредити, треба да уплати:

30 x 410,00= 12.300,00 денари,

односно 30 х 510,00= 15.300,00 денари,

односно 30 х 612,00= 18.360,00 денари,

односно 30 х 310,00= 9.300,00 денари

Скопје,16.1.2018 година

Служба за студентски прашања на ФЕИТ

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ