Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Продолжен е рокот за пријавување испити од августовската испитна сесија - прв циклус студии

Продолжен е рокот за пријавување испити од августовската испитна сесија - прв циклус студии

Објавено на 19.07.2018 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

- Пријавување испити прв циклус студии -


  • Рокот за пријавување испити од августовско/септемвриската испитна сесија е продолжен до 15.8.2018 година. Пријавувањето се врши електронски, со користење на iKnow системот следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5,
  • Студенти запишани по стара наставна програма, запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012 пријавите за испит ги доставуваат до предметните наставници во договорениот термин за испит.

Пријавите треба да се уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,...).

Уредно пополнетите пријави, задолжително се доставуваат до предметните наставници на испит. Уплатата за административна такса се реализира со уплатница (задолжително захефтана на пријавата) или со СМС порака преку мобилен телефон, при што студентот задолжително сам го внесува бројот СМС кодот во iKnow системот, односно ја валидира уплатата на соодветното место. Исто така, бројот од СМС кодот се впишува и во хартиената пријава на определеното место.

НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Службата за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 19.7.2018 година

ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА