Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Повик за учество на СКЕЕОР

Повик за учество на СКЕЕОР

Објавено на 25.09.2018 година

 

copy_of_SKEEOR.jpg

 

Со големо задоволство повторно Ве покануваме да учествувате на Шестата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој. Ги известуваме сите заинтересирани студенти дека рокот за испраќање апстракт и електронско пријавување е продолжен до 1.10.2018 год. Исто така би сакале да Ве известиме дека конференцијата ќе се одржи од 4-7 декември 2018 год. во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Се надеваме дека ќе бидете дел од овогодинешната конференција и со своите трудови и дискусии ќе дадете свој придонес во некои од најклучните прашања за нашата иднина  поврзани со обновливите извори на енергија, заштеда и рационално искористување на енергијата и  енергетските ресурси.

За сите дополнителни информации посетете ја нашата веб-страница http://skeeor.feit.ukim.edu.mk/.

 

Ве очекуваме!

 

ikona_pdfПовик за учество на Шестата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ