Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Тековни соопштенија за студентите Конкурс за доделување стипендии од ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО

Конкурс за доделување стипендии од ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО

Рок за аплицирање до 27.4.2018 година

logo_evnelemmepso.png

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЗАПИШАНИ ПО ПРВПАТ ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА ОД КОМПАНИИТЕ АД ЕЛЕМ, ЕВН МАКЕДОНИЈА АД И АД МЕПСО

 

Услови за аплицирање за стипендија се:

1. Студентите да се редовно запишани на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2017/2018 година на една од следните студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).

2. Студентот кој аплицира за стипендија да не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.

3. Просекот на студентот на крајот од првиот семестар од студирањето да е 8.00 или повисок од 8.00.

Студентите до службата за студентски прашања потребно е да достават:

1. потврда за редовно запишан студент во прва студиска година и уверение за реализиран просек и реализирани кредити,

2. изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.

Стипендијата е во висина од 6.000 денари месечно и важи за една студиска година (10 месеци) со можност за продолжување или прекинување во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање. Студентот е потребно студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.00. Во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање. Обврската за враќање на стипендијата важи само за ЕВН Македонија.

Рокот за поднесување документи е до 27.04.2018 година.

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ