Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН oбјавува Програма за практикантска работа

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН oбјавува Програма за практикантска работа

Објавено 16.06.2017

titan.jpg

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

oбјавува

Програма за практикантска работа

ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

 

Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка определба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ.

Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.

Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА за машински или електро инженери, технолози, хемиски инженери, машински и електро техничари.

 

Други квалификации:

Одлично познавање на Microsoft Office апликациите и одлично познавање на англиски јазик се сметаат за предност.

Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на студиите.

Посветеност, мотивираност, иницијативност

Тимска работа и кооперативност

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

  1. Мотивациско писмо
  2. Биографија (CV)
  3. Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)

 

Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето.

Ангажирањето во програмата за платена обука трае определено време до 1 (една) година.

Учесниците на обуката ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од Цементарница Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

http://usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

 

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

ЦЕМЕНТАРНИЦА "УСЈЕ" А.Д - СКОПЈЕ

ул. Борис Трајковски 94, 1000 Скопје, Р. Македонија, Тел.: + 389 2 2782 500, Продажба: 2786 536, Факс: 2786 314

WWW.USJE.COM.MK