Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Сигма - СБ

Пракса во Сигма - СБ

Објавено на 27.11.2017 година

 

 

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании.

Сигма-СБ ги поканува сите заинтересирани студенти да учествуваат на овогодишната програма за пракси, во која ќе обезбедуваме директно учество во развој на деловни апликации кои ќе ги користат следните платформи, технологии, јазици: C# ( .NET платформа), Xamarin (Xamarin.Forms), Delphi, MSSQL Server;

Пожелно е претходно познавање на ASP.NET WebAPI, SQL/Т- SQL (MS SQL Server) и MS Visual Studio како развојна алатка. Искуство со Windows Forms апликации е предност.

Праксата е во времетраење според барањето на факултетот. За време на праксата обезбедено е менторство и работна околина. По завршување на праксата можен е и дополнителен ангажман или вработување на работно место програмер за изработка на апликација која ќе ги користи истите технологии.

Доколку и Вие сакатe Вашата студентска пракса да ја направите во Сигма-СБ испратете Ваше CV и барање за пракса на e-mail со субјект "За студентска пракса" на адреса: praksa@sigmasb.com.mk

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ