Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Пракса во Македонски Телеком АД - Скопје

Рок на аплицирање: до 08.07.2017

telekomlogo.jpg

 

Македонски Телеком објавува оглас за неколку видови на пракса и тоа:

 

    Во делот на Техника се бара за следниве активности

 

Појаснувања во врска со барањето за ангажирање на практиканти:

За потребите на Проект – МКТ адресен регистар, МКТ превзема акциja за собирање на податоци со цел да се ажурира адресниот регистар на МКТ со податоци за кориснички локации (постојни и потенцијални).

За таа цел во рамките на проектот ќе се ангажираат дополнителни ресурси за обезбедување на број на станови за секој објект со над два стана на ниво на Република Македонија, во кои е инсталирана МКТ опрема.

 

Инструкции и цел на ангажирањето на практикантите:

  • Потребно е да се обезбедат податоци за домаќинства покриени со МКТ мрежа на ниво на Република Македонија, со насоки за микролокација и датум кога треба да се обезбеди инфото
  • На практикантите ќе им бидат дадени листи со локации и адреси до влез за секоје подрачје
  • За секој влез од зграда со над 2 стана или куќа со над 2 стана ќе треба да обезбедат информации за бројот на станови/локали (од број – до број) и нумерацијата на становите/локалите
  • Да соберат информација доколку има нешто специфично за објектот (нумерација со буква 12А,11А или слично) и да внесат во делот за забелешка
  • Обезбедените податоци да се внесат во соодветен формат во табела
  • Секојдневно пред завршување на работното време да се достават табелите  до одговорното лице од Служба за управување со документација и телекомуникациска инфраструктура

 

Обезбедувањето на податоци е планирано на следните начини:

  • За подрачја во Скопје дел од практикантите со автобуски превоз (обезбедена карта)  ќе треба да собираат податоци со посета на објектите
  • За Скопје и региони низ Македонија дел од практикантите ќе треба телефонски да побараат информација за број на станови и нумерирање од неколку корисници на дадена локација
  • Доколку се обезбеди службен превоз ќе бидат однесени до соодветниот град во придружба на одговорно лице од Служба за управување со документација и телекомуникациска инфраструктура

 

    Дел на техника кој директно е одговорен за корисниците

 

Средување на CPE опрема истите би биле задолжени за активности за:

  • Средување на опрема во апликации
  • Подготвување за расход на истата

 

    Во делот на продажба

Доколку сте активен студенти и размислувате на тоа како да го збогатите своето CV, Македонски Телеком нуди единствена можност да биде дел од тимот кој работи на Проектите кои се организираат во Контакт центар, Продажен салон. Се што треба да направите е да го одберете посакуваниот проект  е да се пријавите на истиот.

  • Контакт Центар – ангажманот вклучува работа со дојдовни и појдовни повици поврзани со нова кампања и истражување на пазарот.
  • Продажни салони – ангажманот се однесува на helpers за промовирање на нови кампањи и производи на компанијата, а воедно и помош на вработените во салоните околу периодот на годишни одмори.

Заинтересираните студенти, да  доставaт CV на следнава e-mail адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака на кој проект аплицираат најдоцна до 08.07.2017 година.