Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Платена практична работа на Младинска конференција “Европски вредности за иднината на ЈИЕ”

Платена практична работа на Младинска конференција “Европски вредности за иднината на ЈИЕ”

Рок за аплицирање до 15.07.2018 година

platenapraksanamladinskakonferencija.jpg

Извршната канцеларија нa Младински Сојуз – Крушево во Скопје отвора повик за практикант за младинската конференција “Европски вредности за иднината на ЈИЕ” http://www.krusevoconference.org.mk/ СО МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЕДЕН ОД КАНДИДАТИТЕ ПОСЛЕ ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРАКСАТА. Доколку сте млади и амбициозни, имате желба за учење нови работи и одлично го познавате англискиот јазик овој оглас е вратата кон вашиот успех! Те повикуваме да бидеш дел од динамичната атмосфера и да стекнете искуство за организација меѓународен настан за млади луѓе. Биди дел од тимот кој 15 години по ред во Крушево ја организира младинската конференција на која учествуваат 58 младински лидери од земјите од регионот на ЈИЕ (Македонија (земја домаќин), Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија) и Турција и гости од младински организации партнери од Германија, Франција и Полска. Доколку сте заинтересирани, ве молиме испратете ја вашата кратка биографија на contact@youthalliance.org.mk со назнака “За практична настава” НЕ ПОДОЦНА ОД 15.07.2018 ГОДИНА. ПРАКСАТА ПОЧНУВА ОД 20ТИ ЈУЛИ, 2018 ГОДИНА! За ангажманот предвиден паричен надомест: 6000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО . Повеќе детали околу работните задачи и критериумите можеш да прочиташ на следниот линк https://docs.google.com/document/d/1V6NjUBYkxJHECZOOTOVxdTjEjr4LiNaaEntLQZQBYoQ/edit#heading=h.gjdgxs. Ги очекуваме вашите апликации.