Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Студентски пракси Оглас за пракса во Евроинс осигурување АД Скопје

Оглас за пракса во Евроинс осигурување АД Скопје

Објавено на 30.3.2018 година

evroins_osiguruavnje.jpg

 

 

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за пракса, со можност за вработување,  од следниот профил на кадар:

Потребни квалификации и способности:

  • Студенти од 3-та студиска година и студенти од 4-та студиска година;
  • Основни познавање на соодветни програмски алатки (MS Office);
  • Високи комуникациски способности за градење долгорочни релации со клиенти и колеги;
  • Флексибилност кон промени, ведар дух и желба за постигнување одлични резултати;
  • Желба за стекнување нови знаења и вештини;
  • Самоиницијативност,посветеност,амбициозност, организираност и одговорност;
  • Познавање на англиски јазик.

Друштвото нуди:

  • Практична работа во динамична,  развојна и пријатна работна средина;
  • Обука за основни продажни вештини, како и неколку обуки од областа на осигурувањето, под менторство од искусни професионалци;
  • Можност за личен и стручен развој;
  • Наградување на Вашиот труд по учинок, како и можност за вработување на најуспешните.

Доколку сте заинтересирани, ги очекуваме Вашите апликации на следниов маил: hr@euroins.com.mk

Сите пријавени ќе бидат повикани на кратко интервју во нашите канцеларии, но само одреден број ќе бидат одбрани за практиканти во нашето друштво, а најуспешните ќе бидат вработени.

Ви посакуваме успех...

Тимот на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ