Vip оператор ги „предизвикува“ програмерите за нови иновативни апликации

Со цел поттикнување на иновативноста и креативноста во Македонија, Vip оператор распишува конкурс „Vip Android предизвик. Преку овој Конкурс, Vip оператор ги предизвикува сите поединци, компании, студенти, ученици, универзитети и групи да креираат апликации кои ќе бидат наменети за паметните телефони кои работат на Android платформа.

На Конкурсот можат да се пријават поединци, компании, универзитети и групи и да креираат апликации кои ќе имаат локална примена и намена за паметните телефони кои работат на
Android платформа. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.

Регистрацијата започнува од 18.05 до 30.06, по што следи изработката и поставување на апликациите, а од 01.08 до 20.09 ќе се избираат најдобрите апликации.
Еден од членовите на петчлената жири комисија е и доц. д-р Димитар Трајанов, како претставник на ФЕИТ. Останатите членови се извршниот директор на Vip, извршниот директор на Seavus и уредниците на IT.com.mk и Click Magazine.

Повеќе информации за овој натпревар можете да добиете на следниве линкови: