Во текот на наредните две недели, на ФЕИТ ќе се одржат две популарни предавања од областа на математиката, во организација на Центарот за инженерска математика (ЦИМ). Првото предавање, насловено „Бесконечност: процес или ?“, ќе се одржи во среда, 21.04.2010, со почеток во 18:30 часот, во Амфитеатарот на Факултетот. Предавачи на оваа тема ќе бидат колегите Додевски Злате, Икономов Иван, Дуклески Александар, Илиевски Иван и Јовановска Снежана, студенти од втора година на ФЕИТ, на насоката ИКИ. Второто предавање, насловено „Пи: Биографијата на најмистериозниот број“, ќе се одржи во среда, 28.04.2010, со почеток во 18:30 часот, во Амфитеатарот на Факултетот. Предавач на оваа тема ќе биде колегата Ѓорѓевиќ Александар, студент од втора година на ФЕИТ, на насоката ИКИ. Центарот за инженерска математика ги поканува сите заинтересирани студенти, љубители и почитувачи на математиката, да дојдат и да ги слушнат интересните предавања. |