ISFiT 2011: Меѓународен студентски фестивал во Трондхајм, Норвешка (11 - 20 февруари 2011)

Од 11. до 20. февруари 2011 година во Трондхајм, Норвешка, ќе се одржи единаесеттиот меѓународен студентски фестивал во Трондхајм, познат како ISFiT. Овој фестивал е најголемиот студентски фестивал со тематски фокус. ISFiT се одржува секоја втора година од 1990 година и, и оваа година oколу 450 студенти од целиот свет ќе го посетат Трондхајм за да дискутираат и дебатираат на најразлични теми.

За повеќе информации за самиот настан, како и за начинот на аплицирање посетете ја веб-страницата на
ISFiT: http://www.isfit.org, на која можете и да аплицирате за финансиска поддршка.

Официјалниот јазик на Фестивалот е англискиот, а за било какви прашања во врска со настанот, обратете се на адресата
: mquestion@isfit.org.