|<
<
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
>
>|
|
Од 13-ти Март официјално е отворен надворешниот конкурс. Право да аплицираат имаат сите редовни студенти на додипломски или магистерски студии на техничките факултети при универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии - Охрид.
За апликација потребни се следните документи:
1. Мотивационо писмо за соодветната пракса (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто сте вие погоден кандидат за неа)
2. Кратка биографија (CV)
3. индекс на увид за редовен студент
4. Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
5. Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате
6. Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени во обзир
Праксите на кои можете да аплицирате и формата за аплицирање можете да ги најдете на следниов линк http://www.iaeste.org.mk/unusedoffers/NadvoresenKonkurs.aspx
При аплицирањето можете да направите избор од две пракси, како прв и втор избор, а потоа во зависност од рангирањето ќе ви биде доделена соодветна пракса.
Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултет, годината на студии, познавањето на јазици и искуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени по 21.03.2010.
Приемни денови за предавање на документи за аплицирање се четврток (18.03.2010) и петок (19.03.2010) од 12 до 14 часот во Барака 5 при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии и Машински Факултет Скопје, во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија (првата врата од лево).
Лице за контакт е Јане Даневски (моб. 070-38-38-20).
Конкурсот трае до 19.03,2010 (петок), 15 часот.
За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на macedonia@iaeste.org |
| |
Италијанската фирма Wakonda со седиште во Спопје, ул. Ленинова 44/1, има потреба од нов web дизајнер со искуство од 3 години и познавање на следниве технологии и јазици:
- HTML,CSS
- Практично искуство со: Java Script, Flash
- Одлично познавање на следниве апликации:Adobe Dreamweaver, Adobe Fireworks, Adobe Photoshop, Adobe Ilillustrator, Adobe Acrobat, CorelDRAW
Потребно е познавање и на англиски јазик.
Сите заинтересирани можат да испратат свое CV на англиски јазик на e-mail адресата: jobs@wakonda.biz, со назнака „За web дизајнер“.
Конкурсот трае до 19.03.2010 година.
За повеќе информации за Wakonda, можете да ја посетите нивната web страна: www.wakonda.biz |
| |
БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија) ова лето им нуди можност на сите редовни студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да учествуваат на 55 бесплатни академски курсеви низ цела Европа. За подетални информации за аплицирање посетете ја страницата на БЕСТ Скопје, напишете мотивационо писмо најдоцна до 11-ти април и поминете незаборавно лето со студенти од различни земји, врвни академски предавачи, најдобри забави, незаборавни дестинации.
За повеќе информации може да се обратите во канцеларија на БЕСТ, во барака 5, прва врата од десно. |
| |
Француската влада има одвоено одреден број на стипендии за македонските студенти. За таа цел на 18. февруари 2010 година во просториите на Факултетот, пред студентите и дел од вработените, претставници од Француската амбасада во Скопје, Францускиот културен центар во Скопје и Националната агенција за промоција на француското високо образование од Париз одржаа презентација на n+i магистерските студии во Франција и начинот на аплицирање за стипендии за истите.
За овие стипендии можат да се јават студенти кои веќе дипломирале или магистрирале на некој од факултетите во Македонија. Пријавувањето и аплицирањето може да се изврши на следната web страница: www.nplusi.com
Крајниот рок за аплицирање на web е 9. март 2010 година. Потребните информации можете да ги најдете на претходниот линк како и на страницата www.campusfrance.org или дополнително да се информирате во Францускиот културен центар во одделот за КампусФранс во Скопје. |
| |
Во вторник, 02.03.2010, во 18:00 часот во просторијата 223 на ФЕИТ, ќе се одржи презентација на Конкурсот за Иновативна креативност (Издание 2010-2011). Конкурсот има за цел да им даде можност на студентите кои студираат информатика и информациски технологии на Универзитетите, да го применат стекнатото знаење за време на студирањето, реализирајќи иновативен софтвер кој е во чекор со сегашноста и со најновата технологија. |
|
|<
<
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
>
>|
|