Им се соопштува на студентите од втор циклус на студии - магистерски студии при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, дека заверка на летниот семестар во учебната 2009/2010 година ќе се врши од 07.06 до 11.06.2010 година на шалтерите од Службата за студентски прашања. Потребни документи за заверување на летниот семестар: 1. Индекс 2. Семестрален лист (образец за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во летниот семестар со 50,00 денари таксена марка. 3. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница за целосно реализирани обврски според одобрените молби. 4. Студентите кои во горенаведениот рок нема да заверат семестар истото ќе можат да го направат при уписот на зимскиот семестар за учебната 2010/2011 со надомест.
Скопје, 02.06.2010 год. Служба за студентски прашања при ФЕИТ - Скопје |