Со големо задоволство констатираме дека постои голем интерес на повеќе домашни и странски компании за студентите на ФЕИТ. Како една од поновите и позначајни, ја издвојуваме посетата на претставниците од софтверската компанија ADVANTYS Solutions Ltd [www.advantys.com] од Канада, Arnaud Bezancon и Jean-Rene Bezancon. Уште еден доказ за заинтересираноста кон нашите студенти е и фактот дека на ФЕИТ студираат најголем број студенти стипендирани од Johnson Controls, од сите останати факултети. Во Прилог е поставена листата на таквите студенти стипендисти. |