Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Подготвителна настава по математика и физика

Подготвителна настава по математика и физика

Објавено на 16.08.2017 година

FEIT.png

ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

ПО МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА


Почитувани идни студенти на ФЕИТ,

Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите математика и физика. Курсевите ќе се реализираат во 20 школски часа по секој  предмет,  во периодот од 4 до 14 септември 2017 година.

На  подготвителните курсеви по овие  предмети ќе се обработуваат сите  теми, вклучувајќи ги темите  кои не се застапени на државната матура, што треба новите студенти да ги повторат, за да се вклучат успешно во наставата.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликација на следниов линк:

https://goo.gl/forms/r4jgTMhxp5bW1BLU2

или во општа служба во деканатот на ФЕИТ (на 29ти и  30ти август 2017).

За сите дополнителни информации обратете се со е-пошта до

podgotvitelna2017@feit.ukim.edu.mk.

 

Факултет за електротехника и информациски технологии

Институт за математика и физика