Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Министерството за одбрана и Факултетот за електротехника и информациски технологии потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за одбрана и Факултетот за електротехника и информациски технологии потпишаа Меморандум за соработка

1

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Димитар Ташковски денеска потпишаа Меморандум за соработка на двете институции. Соработката има за цел искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и други услови во функција на унапредување на научните технологии кои се од взаемен интерес на Министерството и на факултетот.

2

„Нашиот мотив како Влада и Министерство за одбрана, е да се трудиме да направиме подобра соработка со сите наши високо-образовни институции. Македонија е мала земја и своите капацитети и своето знаење и својата експертиза мора да си ја чува и паметно да ја користи“, изјави министерката Шекеринска. Таа додаде дека како земја која доби покана за членство во НАТО, следи кус, но интензивен период на промени и во одбранбениот и во политичките сектори, период во кој ни се потребни најпаметните, најискусните, оние кои што ја имаат експертизата да го пренесат своето знаење на следните генерации.

3

„Министерството ќе стипендира студенти на ФЕИТ во последните години, со кои се надеваме дека ќе ги убедиме да останат не само во државата, туку и да помагаат во секторот одбрана кој што бара навистина многу сериозни, многу специфични и многу високо-експертски знаења во оваа област. Факултетот од друга страна се обврза за вработени во Министерството да обезбедува стипендии за постдипломски студии“, информираше министерката и истакна дека Меморандумот ќе биде од корист за двете институции, но најголемиот корисник ќе биде Република Македонија каде вистински луѓе ќе работат на вистински места и ќе можат да го пренесат своето знаење и да ги засилат институциите.

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Димитар Ташковски рече дека потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за одбрана означува ера на продлабочена соработка. „Нас посебно ни е чест и задоволство што главниот иницијатор за оваа соработка е Министерството за одбрана. Ќе соработуваме во неколку сегменти како што е доедукација на вработените, работа на проекти, дефинирање на студиски програми, консултантски услуги, така што ова ќе биде една плодна и успешна соработка“, рече Ташковски.

4

Скопје, 27.07.2018 година