Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ стана член на академската мрежа на Palo Alto Networks

ФЕИТ стана член на академската мрежа на Palo Alto Networks


Со особено задоволство ве информираме дека ФЕИТ/УКИМ стана дел од академската мрежа на Palo Alto Networks, https://www.paloaltonetworks.com, светскиот лидер во областа на безбедност на ИКТ системи. Главниот бизнис на Palo Alto Networks се напредни firewall – и дизајнирани за мрежна безбедност, видливост и грануларна контрола на мрежна активност базирани на идентификација на ниво на апликација, корисник или содржина. Компанијата произведува и решенија во облак со кои се прошируваат соодветните firewall – и за да покријат и други аспекти на безбедност.

Производите на Palo Alto Networks ќе им бидат достапни на студентите на ФЕИТ, на модулот ТКИИ, преку виртуелен пристап до нивните лаборатории. Во рамките на лабораториските вежби на модулот ТКИИ, студентите ќе се обучуваат да конфигурираат firewall – и, да изработуваат пристапни листи на корисници, да прават соодветни забрани и дозволи во мрежи итн. односно практично да се запознаат со делокругот на работа на еден мрежен администратор.

Членството во академската мрежа на Palo Alto Networks е уште една потврда за силната ориентација на ФЕИТ во новите студиски програми да стави силен акцент на практичното знаење и следењето на најсовремените ИКТ текови.

Контакт лице на академијата за ФЕИТ/УКИМ е вон. проф. д-р Владимир Атанасовски.

paakademija.png