Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости ФЕИТ прв факултет што ќе произведува чиста енергија од фотоволтаици

ФЕИТ прв факултет што ќе произведува чиста енергија од фотоволтаици

На 22.08.2018г. , на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје беа пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 KW. Едната централа е со моќност 10 KW e донација на ОКТА, а другата со моќност од  12 KW, која има и систем за акумулирање на енергија е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици - PV ESTIA“, како и со сопствени средства на факултетот. Струјата произведена од фотоволтаичните централи ќе се користи за потребите на ФЕИТ што на факултетот ќе му донесе годишна заштеда од 3.000 до 3.500 евра.

„ФЕИТ со активирање на овие фотоволтаични централи ја подобрува енергетската ефикасност на своите објекти и заштедува средства од буџетот на РМ. Со оваа иницијатива, исто така, продолжуваме со нашите заложби за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Првата централа, која е со моќност од 10 KW, е донација на ОКТА. Втората централа, која е обезбедена со сопствени средства на Факултетот и преку ИПА проект, е со моќност од 12 KW и има сопствен систем за акумулирање енергија. На овој начин, ФЕИТ ја потврдува својата заложба за поблиска соработка со стопанството и со државните институции“, вели професор д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ.

ОКТА, која од неодамна е активна во секторот на производство на струја од обновливи извори на енергија, ја поддржа инвестицијата на ФЕИT во овој тип технологии.

ОКТА е секогаш подготвена да поддржи иновативни иницијативи кои придонесуваат за заштита на животната средина и за зголемување на енергетската ефикасност. Нашата донација е цврст доказ дека сакаме да учествуваме во секторот на обновливи извори на енергија односно сакаме да придонесеме, но и да учиме. Веруваме дека оваа донација ќе понуди алатка за развој на практичните вештини кај студентите на ФЕИТ, кои исто така ќе ги поддржиме и со стипендии, како и минатата година“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.