Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Настани Подготвителни курсеви по математика и физика за новите студенти

Подготвителни курсеви по математика и физика за новите студенти

кога 02.09.2013. 00:00 до
13.09.2013. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

 

 

 

 


ikona_pdfРаспоред за подготвителната настава по математика и физика


 

 


СООПШТЕНИЕ

Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ

Организира

image001.gif

ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ

 

Институтот за математика и физика на ФЕИТ, традиционално организира подготвителни курсеви по математика и физика за новите студенти. Посетувањето на подготвителните курсеви по предметите математика и физика е од особено значење заради успешно вклучување на новите студенти во првата година од наставата на ФЕИТ.

Подготвителните курсеви  по математика и физика предвидуваат настава во 20 школски часа, распоредени во две работни седмици, по секој предмет одделно.  Подготвителната настава ќе се одржи во периодот од 02.09.2013 - 13.09.2013, според распоред кој ќе биде објавен дополнително.

Цената на секој курс посебно изнесува 2000 ден, што треба да се уплатат на факултетската жиро сметка дадена подолу. Кандидатите треба да се пријават со приложување на уплатница во Деканатот на ФЕИТ (кај Анета Јовановска во дактило биро) во термините предвидени за запишување на примените студенти на ФЕИТ, на 29 и 30 08.2013 до 14 часот, со цел на дознака:

  • за подготвителна настава по математика или
  • за подготвителна настава по физика.

image002.jpg

 

КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за подготвителна настава по МАТЕМАТИКА на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје
  1. Алгебарски изрази Степен со показател цел број. Рационални изрази. Полиноми. Реални броеви. Корен од реален број. Степен со показател рационален број. Степен со показател реален број.
  2. Линеарни функција Линеарна равенка. Линеарна функција. Систем од две линеарни равенки со две непознати. Линеарни неравенки. Систем од две линеарни неравенки со една непозната.
  3. Квадратна функција Квадратна равенка. Систем од една линеарна неравенка и една квадратна равенка со две непознати. Квадратна функција (парност, нули на функција, монотоност, максимум и минимум). Квадратни неравенки.
  4. Експоненцијална и логаритамска функција Експоненцијална функција(дефинициона област, множество вредности, монотоност, максимум и минимум). Експоненцијални равенки и неравенки. Логаритамска функција. Логаритамски равенки и неравенки
  5. Тригонометриски функции Графици и својства на тригонометриски функции (дефинициона област, множество вредности, парност, периодичност, монотоност, максимум и минимум). Тригонометриска кружница.
  6. Аналитичка геометрија во рамнина Вектори и операции со вектори. Права во рамнина. Општ облик равенка на права, експлицитен облик и сегментен облик равенка на права. Равенка на права низ две точки. Растојание меѓу права и точка. Кружница. Равенка на тангента на кружница.
  7. Планиметрија и стереометрија Планиметрија. Правоаголен, рамнокрак, разностран триаголник. Паралелограм, ромб, трапез, круг. Периметар и плоштина на рамнински лик. Стереометрија. Призма, пирамида,цилиндар, сфера. Плоштина и волумен.
  8. Аритметичка и геометриска прогресија Аритметичка прогресија (општ член на аритметичка прогресија, разлика на аритметичка прогресија, сума на аритметичка прогресија). Геометриска прогресија (општ член, количник, сума на геометриска прогресија).
  9. Комплексни броеви Комплексен број и конјугирано комплексен број. Комплексна рамнина. Модул на комплексен број. Операции со комплексни броеви.
  10. Трансформација на графици

 

 

КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за подготвителна настава по ФИЗИКА на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје
  1. Физички величини и единици
  2. Кинематика на материјална точка. Елементи на механичко движење на материјална точка. Рамномерно праволиниско движење. Променливо праволиниско движење. Слободно паѓање и вертикален истрел. Криволиниско движење. Движење по кружница.
  3. Динамика Њутнови закони. Еластична сила. Сила на триење. Инерцијална сила. Импулс на телото. Закон за запазување на импулсот. Закон за гравитација и гравитационо поле. Механичка работа. Моќност. Механичка енергија. Закон за запазување на механичката енергија.
  4. Динамика на вртливо движење Кинематика на ротационо движење на тврдо тело. Момент на сила. Работа и енергија на ротационо движење. Закон за запазување на момент на импулс.
  5. Механика на флуидите Притисок (Паскалов закон). Потисок (Архимедов закон). Равенка на континуитет. Бернулиева равенка. Торичелиева равенка.
  6. Механички осцилации и бранови Елементи на осцилаторно движење. Брзина, забрзување, сила и енергија при хармониски осцилации. Математичко нишало. Браново движење, карактеристики и видови на брановите. Равенка на бран. Звучни бранови. Брзина на звук. Ултразвук.
  7. Основи на молекуларно-кинетичката теорија и термодинамика Температура и нејзино мерење. Равенка за состојба на идеален гас. Изопроцеси кај гасовите. Количество на топлина. Топлиниски и специфичен топлински капацитет.
  8. Електрично поле. Еднонасочна струја Кулонов закон. Електрично поле. Работа на електрично поле. Електричен потенцијал и напон. Електричен капацитет. Кондензатор. Електромоторна сила. Омов закон. Кирхофови закони. Отпрници и нивно поврзување. Работа, енергија и моќност на еднонасочна струја. Зависност на отпорот од температурата.
  9. Светлински појави Спектар на електромагнетно зрачење. Природа на светлината и нејзино простирање. Одбивање на светлината. Рамно и сферно огледало. Прекршување на светлината. Прекршување низ тенки призми. рефлексија. Дисперзија на светлината. Оптички леќи. Интерференција и дифракција на светлината.
  10. Атомска и нуклеарна физика Фотоелектричен ефект. Боров модел на водородниот атом. Рендгенско зрачење. Бранови својства на честичките. Состав на атомското јадро. Природна радиоактивност (a, b и g зрачење). Закон за радиоактивно распаѓање. Енергија врзување на атомскотојадро.

ISO 9001:2008

Календар
јули
« јули 2014 »
повтсрчепесане
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031