| Трага: Новости>Посета од делегација од Универзитетот од Осло, Норвешка |
Во рамките на посетата на УКИМ, дел од делегацијата од Департманот за информатика и природни науки на Универзитетот од Осло, Норвешка, го посети ФЕИТ на 28.01.2010 година. Делегацијата во состав: Даг Фрете Лангмир, доцент на Одделот за информатика Лангмир (Mr. Dag Frette Langmyhr, Assistant Professor, Department of Informatics), Сигурн Ведо Лиен, виш раководител, Оддел за информатика (Ms. Sigurn Vedo Lien, Senior Executive Officer, Department of Informatics) и Хане-Герд Нилсен, советник во Службата за меѓународно образование (Hanne-Gerd Nielsen, Adviser, International Education Office), беше пречекана од страна на Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, Продеканот за наука и меѓународна соработка, проф. д-р Александар Ристески, Продеканот за настава, проф. д-р Дејан Ѓорѓевиќ, координаторот за ЕКТС и ERASMUS, проф. д-р Сузана Лошковска, раководителот на Институтот за КТИ, проф. Данчо Давчев, проф. д-р Владимир Трајковиќ и г-ѓа Марија Ценевска од Одделението за наука и меѓународна соработка на УКИМ. При посетата се разговараше за најавеното потпишување на Меморандум за соработка меѓу УКИМ и Универзитетот во Осло. Една од предвидените форми за соработка е обезбедувањето на стипендии за студентите на магистерски студии на УКИМ, а стана збор и за други потенцијални форми на соработка, како што се заедничко учество во проектни апликации, размена на наставен кадар и слично. Гостите од Осло присуствуваа и на отворањето на изложбата на фотографии на младиот инженер и фотограф Мартин Димитриевски, како и на свеченото врачување на награди и пофалници на најдобрите студенти во 2008/2009 година. |
Пребарување