На 27. 05. 2009 година во Салата за состаноци на ФЕИТ беше одржано Основачко собрание на Македонското здружение за енергетска електроника, погони и управување. За претседател е избран проф. д-р Слободан Мирчевски, за потпретседател е избран в. проф. Гога Цветковски, а за генерален секретар на Здружението е избран в. проф. Влатко Стоилков. Како главна програмска задача на Здружението во следниот период ќе биде организацијата на Меѓународната научна конференција EPE-PEMC 2010, што ќе се одржи во септември 2010 година во Охрид. На Собранието се избрани и три почесни членови на Здружението: проф. д-р Тодор Јакимов, акад. проф. д-р Георги Демировски и проф. д-р Томислав Џеков. |