Традицијата на културни настани на нашиот Факултет продолжува. Повторно имаме претставување на инженер и фотограф. Овој пат се работи за млад автор, чија инженерска и фотографска кариера е на самиот почеток. Мартин Димитриевски е студент во четврта година на ФЕИТ и во фотографијата е присутен неколку години. Иако се работи за многу млад автор, лесно и брзо се забележува неговиот талент, неговото фотографско око. Доказ за тоа е и освоената прва награда за фотографија во младинска конкуренција на минатите Денови на македонска фотографијa. Ова е негова прва самостојна изложба и поставката е во просторот пред читалнатата. Отворањето е денес (четврток) во 12.00 часот. |