ITU (International telecommunication union) работилница

На 03.02.2010 на Факултетот за електротехника и информациски технологии беше отворена ITU (International telecommunication union) работилница, на тема “3G-HSPA and LTE: Toward the Next Generation of Mobile Networks”, во организација на ФЕИТ и ITU.

Работилницата ја отвори Министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиевски, а пригодни зборови на отварањето имаа Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, господинот Свен Тенингас од ITU и проф. д-р Тони Јаневски, координатор на ITU Centre of Excellence на ФЕИТ.

Теми на работилницата беа технологијата, регулаторните и бизнис аспектите на мобилните 3G-HSPA и LTE, кон следната генерација мобилни мрежи. Работилницата беше наменета за регулатори, менаџери, инжинери, администрацијата
и претставници од регулаторите, телекомуникациските компании, универзитетите и државните институции, кои се заинтересирани за технологијата, регулативата и бизнисот на 3G-HSPA и LTE, кон следната генерација мобилни мрежи, а имаше учесници од Македонија, Швајцарија, Латвија, Турција, Грција, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово и Полска.