International Telecommunication Union (ITU) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, заедно организираат работилница (workshop) на тема “3G-HSPA and LTE mobile networks: Towards the Next Generation of Mobile Networks”, што ќе се одржи од 3 до 5 февруари 2010 година. Оваа работилница е развиена во рамките на ITU Centre of Excellence иницијативата за Европа и ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Тема на работилницата се технологијата, регулаторните и бизнис аспектите на мобилните 3G-HSPA и LTE, кон следната генерација мобилни мрежи. Работилницата е наменета за регулатори, менаџери, инжинери, администрацијата и претставници од регулаторите, телекомуникациските компании, универзитетите и државните институции, кои се заинтересирани за технологијата, регулативата и бизнисот на 3G-HSPA и LTE, кон следната генерација мобилни мрежи. За формална покана за учество на работилницата, како и за сите информации во однос на агендата на работилницата и регистрацијата, сите заинтересирани учесници треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 29 јануари 2010 година. |