Доделувањето на признанието „Инженерски прстен 2009“ оваа година се одржа на платото пред Св. Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, во Охрид, на 12ти јуни, со почеток од 11:00 часот. Инженерската институција на Македонија, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов, почнувајќи од 2004 година доделува признание „Инженерски прстен“, на најдобрите дипломирани студенти на инженерските факултети. Ова признание претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји, што е основен предуслов за вклучување на Република Македонија во европското семејство.
Прстенот претставува круна од дабови лисја, на чиј врв се наоѓа знакот на Инженерската институција. Дабовите лисја се симбол на чест и достоинство во Македонскиот културен круг од антика до денес. Ѕвездата претставува симбол на знаење, кое во случајов е резултат на синергија на различни дисциплини.
Добитници на ова престижно признание за 2009 беа дипломираните инженери:
Ѓорѓи Маџаров, Факултет за електротехника и информациски технологии Миле Орешковиќ, Факултет за електротехника и информациски технологии Марјан Џидров, Машински факултет Дејан Илиевски, Шумарски факултет Снежана Цветковска, Технички факултет Битола Лилјана Божиновска, Градежен факултет Катерина Почепова, Архитектонски факултет Катица Панзевска, Факултет за земјоделски науки и храна Игор Мицовски, Технолошко металуршки факултет Александар Крстев, Факултет за рударство, геологија и политехника Штип |