| Трага: Новости>Информации за средношколците - матуранти |
Ги известуваме сите средношколци-матуранти кои се заинтересирани да се запишат на Факултетот за електротехника и информациски технологии дека за упис на Факултетот потребно е да ги имаат положено следниве предмети од државната матура: Екстерни предмети - математика (најмалку основно ниво) Интерни предмети за гимназии - еден предмет по избор на кандидатот (еден од горе споменатите предмети или некој друг Интерни предмети за средни стручни училишта - еден стручен предмет, според образовниот профил, по избор на кандидатот Ова претставува прелиминарен список на предмети кој важеше за минатуиот уписен рок и кој претставува предлог на Факултетот за следниот упис за учебната 2010/2011 година. Овој предлог треба да биде усвоен на ниво на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во наредниот период и да биде официјализиран со Конкурсот за упис на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кој треба да биде објавен во првата половина на наредната 2010 година. Матурантите кои ќе полагаат напредно ниво математика, како екстерен предмет, ќе имаат еднаков третман во однос на освоените поени како и оние кои полагале основно ниво математика. Во однос на изборот на интерните предмети, нема никаква разлика во висината на бодовите во однос на тоа кои два предмети од понудените се избрани. Исто така би сакале да нагласиме дека темата обработена во проектната задача не игра улога при уписот, туку се внесува само оценката добиена по истата. Деканат на ФЕИТ |
Пребарување