Изложба „Како го видов Амстердам“ на професорот Цветан Гавровски

Во холот на ФЕИТ се одржа изложба на уметнички фотографии, насловена „Како го видов Амстердам“, на професорот Цветан Гавровски, професор на ФЕИТ. Изложени беа 40 арт фотографии, како дел од неговата 10-та самостојна изложба.


Цветан Гавровски [1947] е професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Арт фотографијата е негов интерес и преокупација повеќе од 30 години. Тој досега бил учесник на бројни изложби во земјата и странство, бил член на жиријата на меѓународни салони, како и учесник на меѓународни уметнички колонии. Тој е и еден од основачите на факултетскиот академски фото клуб ЕЛЕМА и Организатор на меѓународниот салон на фотографии ФОТОМЕДИА. Ја претставувал македонската фотографија на светското биенале на арт фотографија во Швајцарија, Кина, Италија, Унгарија и Луксембург. Учесник бил на над 150 групни изложби и е автор на 10 самостојни изложби, организирани во земјата и во странство. Добитник е на над 25 значајни награди за фотографија и колекции фотографии на домашни и меѓународни изложби: Diplome de maltrise en photo во Брисел - Белгија, Дипломи за колекција во Алба - Италија, Белград - Србија, Тирана - Албанија, Одеса - Украина, Златен медал и прва награда во Андора, итн.

Тој е претседател на Фото Сојузот на Македонија и претставник на светската федерација на фотографска уметност [ФИАЛ] за Македонија.


Оваа изложба на 40 арт фотографии, кои беа изложени по прв пат, им беше посветена на сите студенти, како показ дека може да најдат време кое ќе ги исполни и ќе им даде поттик и енергија за нивните примарни обврски.


Изложба „Како го видов Амстердам“
Изложба „Како го видов Амстердам“
Изложба „Како го видов Амстердам“
Изложба „Како го видов Амстердам“
Изложба „Како го видов Амстердам“
Изложба „Како го видов Амстердам“
Изложба „Како го видов Амстердам“