| Трага: Соопштенија>Голем електро-инженерски пикник |
По повод одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје, на 20.06.2009 год. (сабота) од 11 до 24 часот во кампусот на ФЕИТ, Карпош 2, б.б., ќе се организира ГОЛЕМ ЕЛЕКТРО-ИНЖЕНЕРСКИ ПИКНИК, со покана за присуство на сите свои поранешни студенти. Пикникот ќе претставува можност за меѓугенерациски средби и дружење. Во рамките на програмата за пикникот се предвидува: забава со жива свирка и DJ-и, скара и пијалаци, посета на Факултетот и лабораториите, разни натпревари (борби со роботи, компјутерски игри, игри без граници), тестови на интелигенција, изложби, детски забавен парк, ... ПОВЕЛЕТЕ ПОВТОРНО НА ИСТОТО МЕСТО КАДЕ ШТО СТУДИРАВТЕ! |

Пребарување