Стипендии од CERN за студенти од трета и четврта година и постдипломци и асистенти

Врз основа на Спогодбата склучена помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Организација за нуклеарни истражувања CERN, Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување на три стипендии финансирани од CERN за студенти од трета и четврта година на студии по физика, електротехника и информациски технологии за летната школа на CERN, која ќе се одржува во текот на јули/август 2010 година и една стипендија за постдипломци или асистенти од овие подрачја, во треаење од 6 месеци, финансирана од CERN и UNESCO.

Конкурсот можете да го најдете на страната на Министерството за образование и наука
.