|
Во рамките на иницијативата за презентација на Институтите на ФЕИТ, која започна од јануари оваа година, во среда, 17.03.2010 година, во 12.00 часот во салата за состаноци на ФЕИТ ќе се одржи презентација на Институтот за Електрични мерења и материјали, со следнава програма:
11:45-12:00 Пречек на гостите
12:00-13:00 Презентација на Институтот
13:00-14:00 Презентации во Лабораторијата за електрични мерења и дружење |
|
|
Врз основа на член 50 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во согласност со чл. 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на законот за заштита од пушењето („Службен весник на РМ“ бр. 103/2008) ја издавам следната:
Н А Р Е Д Б А
1. Строго се забранува пушење во сите објекти и простории на ,,Факултетот за електротехника и информациски технологии‘‘ во Скопје, вклучувајќи: канцеларии, работни простории, предавални, кабинети, амфитеатар, библиотека, читална, сали, ходници, тоалети, како и во просторот што е даден под наем (бифе, книжарница, копирница, пошта) и сл.
2. За непостапување и непочитување на оваа наредба, кон лицата-вработени и студенти на Факултетот, ќе бидат превземени соодветни казнени мерки согласно закон и актите на Универзитетот и Факултетот.
3. Секој вработен да потпише изјава со која се обврзува дека ќе ја надомести глобата за сторен прекршок што ќе му биде изречена на правното, односно одговорното лице доколку вработениот биде затекнат да пуши во објектите и просториите каде што е забрането пушењето.
4. Наредбата да се објави на: веб страницата на Факултетот, на огласните табли и по е-маил да се достави до вработените и студентите.
Декан,
Проф. д-р Миле Станковски |
|
|
Министерството за образование и наука распишa Конкурс за доделување стипендии за студии од втор циклус во земјата за академската 2009/2010 година. Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендиите е 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот, а истиот е објавен на 15. февруари 2010.
Сите подетални информации за бројот на стипендиите, условите и потребната документација можат да се најдат на страната на Министерството за образование и наука на РМ. |
|
|
Во рамките на иницијативата за презентација на Институтите на ФЕИТ, која започна од јануари оваа година, во среда, 17.02.2010 година, во 12.00 часот во салата за состаноци на ФЕИТ ќе се одржи презентација на Институтот за Електроника, по следнава програма:
12:00-12:15 Пречек на гостите
12:15-13:00 Излагање
13:00-14:00 Презентации и дискусија во просториите на Институтот |
|
|
Врз основа на Спогодбата склучена помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Организација за нуклеарни истражувања CERN, Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување на три стипендии финансирани од CERN за студенти од трета и четврта година на студии по физика, електротехника и информациски технологии за летната школа на CERN, која ќе се одржува во текот на јули/август 2010 година и една стипендија за постдипломци или асистенти од овие подрачја, во треаење од 6 месеци, финансирана од CERN и UNESCO.
Конкурсот можете да го најдете на страната на Министерството за образование и наука. |
|
|
Деканатската управа на ФЕИТ донесе одлука за распишување на конкурс за избор на еден демонстратор на Институтот за елктротермија, електрично заварување и електричен сообраќај.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршен Факултет за електротехника и информациски технологии
- Да дипломирале со просечна оцена најмалку 8,5
- Да познаваат најмалку еден светски јазик
- Да имаат способност за комуникации со студенти
Огласот трае 8 дена од објавувањето на веб-страницата на ФЕИТ и интерната огласна табла на Факултетот. |
|
|
Факултетот за електротехника и информациски технологии има чест да ги покани сите студенти и магистранти кои дипломирале и магистрирале во текот на 2009 година, на промоција на која ќе се промовираат сите студенти и магистранти кои дошле во Службата за студентски прашања со пополнет записник до 25.12.2009 година. Промоцијата ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на 29.01.2010 година (петок) според следниот распоред:
10:30 часот: промоција на магистри, дипломирани инженери (VII1 степен) и инженери по електротехника (VI1 степен) кои ги завршиле студиите по стар наставен план и програма во текот на 2009 година;
13:00 часот: промоција на магистри од втор циклус на студии, дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и дипломирани инженери по информатика според ЕКТС кои ги завршиле студиите во текот на 2009 година. Во текот на промоцијата ќе бидат наградени студентите кои дипломирале во текот на 2009 година со просек 9 и над 9 од генерацијата 2005/2006.
Претходниот ден, во четврток на 28.01.2010 година, ќе се одржи врачувањето на награди и пофалници за најдобрите студенти по години, односно студентите кои во текот на учебната 2008/2009 година завршиле прва, втора или трета година со просек 9 или над 9.
Скопје, 22.01.2010 год.
Служба за студентски прашања при ФЕИТ - Скопје |
|
|
Почитувани кандидати за вториот циклус студии на ФЕИТ, во прилог е објавен списокот на примените кандидати од вториот уписен рок, по студиски програми.
Запишувањето ќе се врши во периодот од 28.10.2009 до 04.11.2009 година, во Службата за студентски прашања на ФЕИТ (трети кат), од 12:30 до 15:30. Документите потребни за упис ќе бидат исти како и во претходниот уписен рок. |
|
|
Почитувани кандидати за вториот циклус студии на ФЕИТ, во прилог е објавен списокот на примените кандидати, по студиски програми. Ве известуваме дека уписот ќе се врши во Службата за студентски прашања на ФЕИТ (трети кат) од 28.09. до 02.10.2009 година од 12:30 до 15:30 часот. Потребните документи за упис се дадени во соопштението поставено во прилог. |
|
|
Им се соопштува на студентите кои се пријавија за II циклус на студии (магистерски студии) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје дека запишувањето на зимскиот семестар (IX семестар) во учебната 2009/2010 година ќе се врши од 28.09 до 02.10.2009 година. Студентите дополнително ќе бидат известени за потребните документи за упис.
Скопје, 18.09.2009 година
Од Деканатот на ФЕИТ - Скопје |
|
|
Почитувани кандидати, на Порталот за идни студенти се објавени решенијата за прием на студенти (конечни ранг-листи) во третиот уписен рок на Факултетот за електротехника и информациски технологии, за учебната 2009/2010 годинa.
Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 22 септември 2009 година, во Студентската служба на ФЕИТ (на трети кат), во периодот од 08:00 до 15:00 часот.
Кандидатите кои нема да го реализираат уписот во овој рок, ќе се смета дека не сакаат да се запишат на Факултетот.
Скопје, 18.09.2009, Конкурсна комисија на ФЕИТ.
|
|
|
Почитувани кандидати, на Порталот за идни студенти се објавени прелиминарните ранг-листи за прием на студенти во третиот уписен рок на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Приговори по технички пропусти може да се поднесат до 09:00 часот на 18.09.2009 година до Управата на Факултетот, преку студентската архива на Факултетот (со пополнување на формулар за приговор за технички пропуст). |
|
|
Почитувани бруцоши,
ве покануваме на првиот заеднички час на ФЕИТ, кој ќе се оддржи утре (четврток, 17.09.2009) во Амфитеатарот на Факултетот (на приземје, до бифето). За студентите од паралелките А, Б и В заедничкиот час ќе започне во 13:00 часот, додека за студентите од паралелките Г и Д часот ќе започне во 14:00 часот.
На заедничкиот час обраќање ќе има Деканот на Факултетот, проф. д-р. Миле Станковски, кој ќе ви посака добредојде и ќе ве запознае со нашиот Факултет. На овој час, ќе се запознаете одблизу и со начинот на студирање и полагање на испитите, според европскиот кредит трансфер систем.
Повелете на нашиот прв заеднички час! Ве очекуваме! |
|
|
|
|
|
Почитувани кандидати, на Порталот за идни студенти се објавени решенијата за прием на студенти (конечни ранг-листи) во вториот уписен рок на Факултетот за електротехника и информациски технологии, за учебната 2009/2010 годинa.
Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 14 септември 2009 година, во Студентската служба на ФЕИТ (на трети кат), во периодот од 08:00 до 15:00 часот.
Кандидатите кои нема да го реализираат уписот во овој рок, ќе се смета дека не сакаат да се запишат на Факултетот.
Скопје, 11.09.2009, Конкурсна комисија на ФЕИТ.
|
|
|
Почитувани кандидати, на Порталот за идни студенти се објавени прелиминарните ранг-листи за прием на студенти во вториот уписен рок на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Приговори по технички пропусти може да се поднесат до 16:00 часот на 10.09.2009 година до Управата на Факултетот, преку студентската архива на Факултетот (со пополнување на формулар за приговор за технички пропуст). |
|
|
Почитувани, пријавувањето на кандидати за вториот циклус (магистерски) студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во учебната 2009/2010 година, ќе се одвива во периодот од 07.09 до 11.09.2009 година, во Службата за студентски прашања на ФЕИТ, во термини од 11 до 15 часот. Запишувањето, пак, на кандидатите ќе се врши во периодот од 28.09 до 02.10.2009 година, во Службата за студентски прашања на ФЕИТ, во термини од 11 до 15 часот.
Согласно објавениот конкурс средствата се уплаќаат по семестри во зависност од студиската програма. Уплатата се врши во денарска противвредност.
За сите дополнителни информации, може да се обратите до Конкурсната комисија на ФЕИТ, на postdiplomski@feit.ukim.edu.mk.
Во прилог се дадени потребните документи за пријавувањето, односно уписот. |
|
|
|
|
|
Наставно научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на седницата одржана на 04.09.2009 година ги донесе следниве одлуки:
|
|
|
Почитувани кандидати, на Порталот за идни студенти се објавени списоците на пријавени кандидати за вториот уписен рок на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Приговори по технички пропусти во списоците може да се поднесат до 9:00 часот на 09.09.2009 година до Конкурсната комисија, преку студентската архива на Факултетот (со пополнување на формулар за приговор за технички пропуст). |
|