50 години ФЕИТ

 

50 години ФЕИТ Скопје
 

Свечена академија

На 18 јуни, празнувајќи го заедничкиот јубилеј, Свечената академија заеднички ја организираа Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет. Настанот, кој се одржа во хотелот "Александар палас”, беше свечено отворен со настапот на хорот "Мирче Ацев” од Скопје. Свое обраќање имаа Деканите на трите факултети, од кои прв со пригоден говор до присутните се обрати Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски. Од поканетите гости, говор одржаа и Министерот за образование и наука, г. Перо Стојановски, и Ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј” во Скопје.





Како најзаслужни за основањето и досегашното работење на овие три факултети, признанија им беа доделени на Владата на РМ, Собранието на РМ и Универзитетот "Св. Кирил и Методиј” во Скопје. По самото доделување на наградите, гостите имаа можност да уживаат во одлична видео анимација и проекција, преку кои на симболичен начин беа претставени основањето и развојот на трите факултети. Свечената академија заврши со коктел забава.


:: Слики од свечената академија ::

 

Свечена седница на Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)

Свечената седница на Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии беше одржана на 19 јуни, со почеток во 11 часот, во Амфитеатарот на Факултетот. На седницата, освен членовите на Наставно-научниот совет на ФЕИТ, како гости присуствуваа и Министерот за образование и наука, г. Перо Стојановски, Министерот за информатичко општество, г. Иво Ивановски, Проректорот за настава на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Елена Думова-Јованоска и претставници на дел од  Универзитетите и компаниите од земјава и странство со кои соработува Факултетот.





Седницата се одржа по следниов дневен ред:


1.     Отворање на Свечената седница на ННС
2.     Обраќање на Деканот на Факултетот, проф. д-р Миле Станковски
3.     Обраќање на Министерот за образование и наука, г. Перо Стојановски
4.     Обраќање на Проректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Елена Думова-Јованоска
5.     Обраќање на д-р Станимир Јовановски, професор во пензија
6.     Обраќање на Претседателот на Сојузот на студенти (Студентски парламент) на ФЕИТ, г. Милан Василевски
7.     Обраќање на Потпретседателот на Алумни асоцијацијата на ФЕИТ, г-ѓа Менка Ефнушева
8.     Доделување на плакети



Во знак на признание за долгогодишната успешна соработка и придонесот во развојот на Факултетот, плакета му беше доделена на:


                Министерството за образование и наука


Во знак на признание за успешната соработка и придонесот во развојот на Факултетот, плакета му беше доделена на:


                Министерство за информатичко опшество


Во знак на признание за долгогодишната успешна академска соработка и придонесот во развојот, плакети им беа доделени на:


                Деканот на Машинскиот факултет-Скопје
                Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет-Скопје


Во знак на признание за придонесот во севкупниот развој и водењето на Факултетот во мандатниот период, плакети им беа доделени на поранешните Декани:


Проф. д-р Тодор Јакимов, 1977-78
Проф. д-р Томе Бошевски, 1985-86, 1991-92, 1993-94
Проф. Борис Спасеновски, 1979-80
Проф. д-р Ристо Миновски, 1981-82, 1983-84,
Проф. д-р Томислав Џеков, 1987-88
Проф. м-р Дионис Манов, 1989-90,
Проф. д-р Љупчо Пановски, 1995-97, 1997-99,
Проф. д-р Властимир Гламочанин, 1999-2001, 2001-04,
Проф. д-р Вангел Фуштиќ, 2004-08



Во знак на признание за долгогодишната работа и особениот придонес во севкупниот развој на Факултетот, плакети им беа доделени на пензионираните професори:


Проф. д-р Станимир Јовановски
Проф. д-р Илија Шапкарев
Проф. д-р Стојан Чундев
Проф. д-р Драгослав Рајичиќ
Проф. м-р Димитар Качурков
Проф. д-р Момчило Богданов
Проф. д-р Георги Димировски
Проф. д-р Аксенти Грнаров



Во знак на признание за придонесот во севкупниот развој и водењето на Факултетот во мандатниот период, постхумно плакети им беа доделени на:


Проф. Димитар Грчев, 1965-67
Проф. д-р Витомир Јовевски, 1975-76
Проф. Александар Величковски, 1967-1969



Во знак на признание за долгогодишната работа и особениот придонес во севкупниот развој на Факултетот, постхумно плакети им беа доделени на:


Проф. д-р Пане Видинчев
Проф. Милчо Коцаре
Проф. д-р Екатерина Чундева Галиќ



Во знак на признание за долгогодишната успешна соработка и особениот придонес во унапредувањето на развојно-апликативната дејност на Факултетот, плакети им беа доделени на следниве компании и институции:


ЕЛЕМ АД - Скопје
ЕВН Македонија
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД Скопје
Макстил АД Скопје
МЕПСО - Скопје
Microsoft Македонија
NXP Software
НЕОКОМ
ПЕКСИМ Македонија
СЕАВУС - Скопје
СИСКОН - Скопје
Т-Мобиле Македонија АД
Cosmofon
ЕМО ОХРИД
Агенција за државни патишта
Инженерска институција на Македонија



Во знак на признание за особениот придонес во развојот на образовната, научно-истражувачката и апликативната дејност во соодветните области и севкупниот развој на Факултетот, плакети им беа доделени на Институтиве:

Институтот за автоматика и системско инженерство
Институтот за електроника
Институтот за електрични мерења и материјали
Институтот за електрични машини, трансформатори и апарати
Институтот за електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај
Институтот за електрични централи и разводни постројки
Институтот за компјутерска техника и информатика
Институтот за математика и физика
Институтот за преносни електроенергетски системи
Институтот за телекомуникации
Лабораторијата за електромоторни погони



9.      Обраќање на претставниците на добитниците на плакетите
10.    Коктел


:: Слики од свечената седница на ННС на ФЕИТ ::

 

Голем електроинженерски пикник

Во сабота, 20 јуни, на кампусот на ФЕИТ беше организиран голем пикник за сите електроинженери кои некогаш биле дел од овој Факултет, како и за студентите кои го стекнуваат своето образование кај нас. Пикникот беше организиран со цел дружење со колегите и потсетување на студентските денови и наидовме на неверојатен одзив. Во текот на целиот ден различни генерации на електроинженери се дружеа и уживаа во богатата програма приготвена за овој ден. Дури ни силниот дожд не ги попречи доброто расположение и забавата.





Пикникот официјално го отвори Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, а посетителите имаа можност да посетат повеќе интересни изложби - стари компјутери, запленет "прибор” за препишување, изложба на студентскиот весник "Елфаско”, ЕЛЕМА - да ги посетат лабораториите, да дегустираат електро-инженерски вина и да ја тестираат својата интелигенција преку решавање на тестови за IQ. Беа организирани и натпревари со роботи (Робомак), компјутерски игри и игри без граници, додека за музичкиот дел од пикникот се погрижија врвни имиња од македонската естрадна сцена, како ”Леб и сол”, "Ареа”, "String Forces”, ”Чалгија Sound System”, "Баклава”, "Игор Станоевски Блуз Бенд”, и троица DJ-и: DJ Јован, DJ Александра и DJ Никифор.


:: Слики од големиот електроинженерски пикник ::