Лични алати
Пријави се
Трага: Дома II Циклус Тековни соопштенија за студентите Соопштение за најава на порталот за е-курсеви

Соопштение за најава на порталот за е-курсеви

Објавено 20.11.2017

e-kursevi.jpg

 

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека дека за новите студенти на ФЕИТ запишани на II циклус студии ви се креирани електронските адреси на студентски сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење:

http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата:

https://smail.feit.ukim.edu.mk/

Електронските адреси се во форма <studiska_nasoka><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk, кај што <broj_indeks> е бројот на индексот без косата црта (на пример, студент запишан на насоката „Автоматика, роботика и системско инженерство“ со број на индекс 23/2017m би имал адреса arsi262017m@feit.ukim.edu.mk). Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот, а студентите ќе можат да ја сменат преку веб-интерфејсот. Количината на меморија дoделeна на секој корисник изнесува 1GB(еден гигабајт).

За најавување на порталот за електронско учење http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk ќе се користат студентските факултетски електронски адреси со соодветните лозинки.

Оние студенти што ги користеле порталот додека биле на додипломски стидии на ФЕИТ можат да се најават со старото корисничко име и лозинка.

Дополнителни информации за користење на порталот ќе добиете од вашите наставници/асистенти.

Доколку наидете на проблеми контактирајте нa: e-admin@feit.ukim.edu.mk

ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ

Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
Студентски правобранител