Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Институти Математика и Физика

Математика и Физика

Наставната дејност на Институтот за математика и физика е во согласност со потребите на студиските програми што се застапени на Факултетот. Наставните содржини од областите математика и физика, како општообразовни или специјални, се застапени на додипломските, професионалните и постдипломските (магистерски) студии, како основа за успешна надградба на секој инженер, магистер и доктор на науки од областа на техниката. Во рамките на студиските програми, застапени на додипломските студии, се обработуваат следниве области од математиката: математичка анализа, алгебра, линеарна алгебра, аналитичка геометрија, диференцијални равенки, комплексни функции, дискретна математика, нумерички методи, веројатност и статистика, обработка на по датоци. Од областа на физиката се изучуваат механика, осцилаторни и бранови процеси, термодинамика, оптика, теорија на релативност, основи на атомска и нуклеарна физика, основи на квантна механика, квантна оптика, основи на физика на тврдо тело.

Зачетокот на Институтот по математика и физика е во Катедрата по математика на Техничкиот факултет во Скопје, во периодот кога постојат само градежниот и архитектонскиот оддел, а во чија работа за одржување настава по математика, нацртна геометрија и физика помагаат и наставници од други факултети, на пр. од Природно-математички факултет. Во учебната 1959/60 година, со отворањето на трите нови оддели на Техничкиот факултет, односно одделот за електротехника, одделот за машинство и одделот за технологија со металургија, работата на Катедрата по математика продолжи и на тие оддели. Посебен придонес со својата несебичност и преданост во тој период даваат повеќемина членови на Катедрата, меѓу кои професорите: Трајко Георгиевски, Платон Димиќ, Јосип Мозер, Јоже Улчар, Ѓорѓи Чупона и асистентите: Стево Матевски, Илија Шапкарев, Бранко Трпеновски, Виктор Јанековски и други. Во 1960 год. за асис тенти по физика се избрани Димитар Качурков и Михаил Толев. Со нивното примање на Катедрата се почнува со набавка на опрема и се оформува Лабораторијата по физика.

Со основањето на Електро-машинскиот факултет во 1965 год. работата на Катедрата се менува, па таа станува Катедра по математика и физика, а делот кој се занимава со нацртна геометрија се одделува. Се проширува ангажираноста на членовите со повеќе курсеви од областа на математика и физика, а наставата по предметот физика на другите Технички факултети ја изведуваат членовите од оваа катедра. На почетокот во посебна просторија од бараките на Електро-машинскиот факултет е сместена и Лабораторијата по физика, која подоцна е преместена во новоизградената зграда. Во тој период, по иницијатива на проф. д-р Јосип Мозер, која е прифатена и поддржана и од проф. Димитар Грчев, е изграден амфитеатарот на Факултетот. Тогаш на Катедрата се избираат уште неколку нови асистенти, и тоа во 1964 год. Наум Целакоски, во 1968 Никола Речковски и Пано Кржовски, а потоа и Новак Ивановски, Васил Мицевски, Марија Фукарова-Јуруковска, а како лаборанти се примени Благоја Богатиновски и Велимир Филиповски.

За забележување е дека за потребите на стопанството на Република Македонија во 1965 год. е формиран Центар за примена на радиоактивни изотопи во кој активно учествуваат членови од оваа катедра. Во тој период Центарот и Лабораторијата за физика се занимаваат со примена на кусоживечките изотопи за потребите на стопанството, од носно со истражување на подземните води за потребите на водоснабдувањето и испитување на порозноста на браните на хидроцентралите во СРМ.

Со зголемувањето на бројот на студентите на Факултетот, на Катедрата по математика и физика се зголемува и бројот на наставници и асистенти. За асистенти се избрани Марија Кујумџиева во 1970 год, Боро Пиперевски во 1971 год., Миле Тасиќ, Слободан Стојановски, Кузман Аџиев и Лазо Димов во 1973 год., а потоа и Жарко Станковски, Емил Рушков и др.

Во 1977 година, со формирањето на УЦМТН членовите на Катедрата се вклучуваат соодветно во работата на Математичкиот факултет и на Факултетот за физика. Слично како и во претходниот период, наставата по математика и физика, како и приемните испити на Електротехничкиот факултет ја изведуваат главно истите членови од Катедрата, но помагаат и други. Во 1985 год. УЦМТН престанува да постои и на Електротехничкиот факултет се формира Институтот по математика и физика на кој се ангажирани дел од членовите од поранешната катедра, но се приклучуваат уште неколкумина нови членови, односно професорот Петар Лазов и тогаш асистентите Верка Георгиева и Љупчо Коцарев.

Институтот и Факултетот паралелно се развиваат, се менуваат наставните планови, но и кадарот на Институтот. Дел од членовите на Институтот се унапредени во нови наставни звања, дел го напуштаат Институтот, а примени се и нови членови, меѓу кои асис тентите Катерина Гошева и Анета Бучковска во 1988 год., Жарко Тасев, Маргарита Гиновска, Христина Спасевска во 1990, Соња Геговска во 1992, Горан Трајковски и Билјана Јолевска во 1995, Живорад Томовски, Билјана Начевска во 1999, Катерина Санева, Елена Хаџиева во 2000, Ласко Баснарков, Лихнида Стојановска во 2002 и Весна Андова во 2005. Поради зголемените активности, на Институтот често се примат и демонстратори.

mf
Дел од наставниот кадар на Институтот

Институтот учествува во соработка и држење настава и на други факултети од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“, односно на Машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет, Архитектонскиот факултет, Градежниот факултет, Природно-математичкиот факултет, но и на други високо школски установи, како на пример Воената академија, Универзитетот во Битола и други.

Членовите на Институтот се ангажирани во изведувањето на наставата според старата програма по предметите: виша математика прв и втор дел, физика, одбрани поглавја од физика, математика прв и втор дел, математика 1, 2, 3 и 4, физика 1 и 2, линеарна алгебра со аналитичка геометрија, нумеричка математика. По новите наставни програми според ЕКТС се изведува настава по задолжителните предмети: математика 1, 2, 3 и 4, физика 1 и 2, линеарни трансформации, математички методи за инженери 1, дискретна мате матика , елементи од нумеричка математика и веројатност и статистика, како и изборните предмети: математички методи за инженери 2, нумерички методи во ЕЕ, нумерички методи, статистичка обработка на податоци, случајни процеси, парцијални диференцијални равенки, инженерска механика и електрооптика. Институтот е одго ворен и за изведување на наставата по два предмети од професионалните студии: мате матика и дискретна математика. Членовите на овој институт се одговорни и за организирање и изведување подготвителна настава по математика и физика, обично за ново запишаните студенти, со цел полесно совладување на материјалот на предметите од студиите.

Членовите на Институтот учествуваат и во наставата на постдипломските студии по старите наставни планови и програми, но и на новите едногодишни магистерски студии според ЕКТС, и тоа со следниве предмети: елементарна теорија на функционална анализа, елементарна теорија на стабилност и бифуркации, квалитативна теорија на диференцијални равенки, елементарна теорија на парцијални равенки, линеарна алгебра и нумерички методи во линеарна алгебра, специјални диференцијални равенки и специјални функции, теорија на приближување и апроксимации, статистика со веројатност, маркови процеси со дискретен број состојби, одбрани делови од нумеричка математика, основи на математичко програмирање, приближно решавање некои класи операторски равенки, теорија на апроксимации, вејвлет анализа, стохастичко моделирање и теорија на редици на чекање, симулационо моделирање, искористување на сончева енергија, сончеви ќелии, термичка и фотоволтаична конверзија на сончева енергија, сончеви централи, биофизика, полимерни спроводници и полуспроводници и нивна примена во но ви технологии, течни кристали и нивна примена во дисплеј технологија, хидраулични преодни процеси, физика на материјалите, техники за карактеризација на материјалите, материјали во микро и нанотехнологиите, материјали за обновливи извори на енергија, дизајн и примена на ефтини сончеви ќелии, енергија од биомаса, дизајн, видови и технологии на сончеви ќелии.

Институтот за математика и физика е носител на студиска програма Применета математика во областа на електротехниката и информациските технологии, која ги содржи следниве задолжителни предмети: применета апстрактна алгебра, нумерички методи (на преден курс), диференцијални равенки, применета функционална анализа, чекачки системи: примена. Во рамките на оваа студиска програма се предаваат и изборните пред мети: парцијални диференцијални равенки, варијационо сметање и оптимиза ција, статистичка анализа на податоци, стохастички диференцијални равенки, случајни процеси, редици на чекање, методи за статистичка анализа на податоци, нумеричко решавање диференцијални равенки, моделирање со диференцијални и диферен цни равенки, линеарно и нелинеарно оптимизирање, Монте Карло метод, нумеричко реша вање стохастички диференцијални равенки, статистичко процесирање на сигналите, методи на оптимизација во ЕЕ, криптографија, динамички системи и хаос, финансиска математика, примена на хармониска анализа и обопштени интегрални трансформации.

Покрај подготовката на интерните скрипти наменети за студентите, членовите на Институтот се автори и на повеќе универзитетски учебници. Така, во 1977 год. е издаден учебникот Линеарна алгебра и аналитичка геометрија во простор од авторите Илија Шапкарев и Пано Кржовски. И. Шапкарев е автор и на книгите Математика 3 и Математика 4, додека, пак, Петар Лазов и Ѓорѓи Ивановски се автори на Елементи на математичката анализа со некои примени, издадена во 1981 год. Михаил Толев е автор на учебниците по физика, односно Физика 1 и Физика 2. Книгите Математичка анализа I и Математичка анализа II, чиј автор е Боро М. Пиперевски, се издадени во 2001 год., односно 2004 година.

Членовите на Институтот за математика и физика се автори и на повеќе различни збирки, меѓу кои: Задачи за вежбање по математика1 и 2 од Илија Шапкарев, потоа Соња Геговска-Зајкова, Горан Трајковски и Анета Бучковска, се автори на Збирка решени задачи по математика 1, издадена во 1996, а Билјана Јолевска-Тунеска, Соња Геговска-Зајкова, Елена Хаџиева, Катерина Санева, Билјана Начевска-Настовска, се автори на Збирка решени задачи од математика 2, издадена во 2004. Збирка на одбрани решени задачи по физика 1, чии автори се Верка Георгиева, Христина Спасевска и Маргарита Гиновска е издадена во 2004 година.

При Институтот во 2002 год. е формиран и Центар за инженерска математика (ЦИМ), чиј раководител е проф. д-р Боро Пиперевски, а во активностите на центарот спаѓаат: организирање на 7. Македонски симпозиум по диференцијални равенки (МСДР) во 2002 год. и МСДР 8 во 2004 година, семинари и повеќе популарни предавања за афирмација на математиката во инженерските области, како и издавање на книшка „Избрани теми“ во 2007 год.

Членовите на Институтот постигнуваат значајни резултати во својата научно-истражувачка работа. Тоа се потврдува преку нивното учество на бројни домашни и меѓународни научни собири и публикување на свои оригинални резултати во домашни и меѓународни списанија и зборници.

Во рамките на својата научно-истражувачка дејност Институтот активно соработува со другите институти на Факултетот, а остварена е и долгогодишна соработка и контакти со голем број реномирани институции од земјава и надвор од неа, меѓу кои: Природно-математичкиот факултет - Скопје; Македонската академија на науките и уметностите - Скопје; Институтот за математика и информатика при Природно-математичкиот факултет во Нови Сад, Србија; Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, Србија; Природно-математичкиот факултет и Електронскиот факултет во Ниш, Србија; Аристотел универзитетот во Солун, Грција; Универзитетот во Лестер, Англија; Инсти тутот за молекуларна физика при Полската академија на науките; Универзитет во Русе, Бугарија; Институтот за полимери при Бугарската академија на науките, Институтот за нано структурни материјали при Истражувачкиот совет на Италија, Интернационалната агенција за атомска енергија од Виена, Австрија; Центарот за теориска физика „Абдус Салам” од Трст, Италија, и многу други. Соработката со овие институции се остварува и во рамките на различни проекти, па така, членовите на Институтот раководат со и учествуваат во голем број домашни и меѓународни научно-истражувачки и апликативни проекти.

Некои конференции на кои членовите на Институтот презентирале свои научни трудови се Конгрес на СДМФАЈ, Конгреси на математичарите, Конгреси на математичарите и информатичарите на Македонија, Конференции на Друштвото на физичари на Македонија, ЕТАИ, Македонска конференција за медицинска физика и биомедицински инженеринг, International Colloquium on differential equations, GC BPU, Liquid Matter Conference, International Conference of the Chemical Societies of the SEE Countries on Chemical Sciences for Sustainable Develop ment, ELECTROOPTO, European Conference on Liquid Crystals, POLIMERI, PRIM, MASSEE, International Conference Mathematics, IC Generalized Functions, Harmonic Analysis and Mathematical Physics, ISCFMN, ISAAC, SMA, ICNAM, MAGT, WREC, International Conference of Differential Geometry and Dynamical Systems, Serbian Mathematical Congress, APP&COM, IC NAA, EPSEC, BPU, MEDPOWER, E-MRS, итн.

Наставен кадар на Институтот

Проф. Д-р Верка Георгиева
Вон. Проф. Виктор Јанековски, вонреден професор (in memoriam)
Проф. М-р Димитар Качурков, редовен професор во пензија
Проф. Д-р Марија Кујумџиева-Николоска, Раководител на Институтот
Проф. Д-р Петар Лазов
Проф. Д-р Боро Пиперевски
Проф. Д-р Михаил Толев, редовен професор во пензија
Проф. Д-р Илија Шапкарев, редовен професор во пензија
Вон. Проф. Д-р Анета Бучковска
Вон. Проф. Д-р Соња Геговска-Зајкова
Вон. Проф. Д-р Маргарита Гиновска
Вон. Проф. Д-р Христина Спасевска
Доц. Д-р Билјана Јолевска-Тунеска
Доц. Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева
Доц. Д-р Елена Хаџиева
Доц. Д-р Ласко Баснарков
Доц. Д-р Билјана Начевска-Настовска
Асист. М-р Лихнида Стојановска-Георгиевска
Пом. Асист. М-р Весна Андова
Демонст. М-р Сања Костадинова
Демонст. Тања Ивановска
Виш техн. соработник Благоја Богатиновски, во пензија
Виш техн. соработник Слободан Стојановски, во пензија

Наставен кадар кој во одреден период бил во состав на Институтот

Д-р Новак Ивановски
Д-р Пано Кржовски (in memoriam)
Д-р Васил Мицевски
Д-р Никола Речковски, редовен професор во пензија
Д-р Жарко Тасев
Д-р Бранко Трпеновски (in memoriam)
Д-р Наум Целакоски
Академик Д-р Ѓорѓи Чупона (in memoriam)
Д-р Кузман Аџиевски
Д-р Лазо Димов
Д-р Живорад Томовски
Д-р Миле Тасиќ
Д-р Марија Фукарова-Јуруковска

Веб страна на Лабораторијата за Физика: http://nano.etf.ukim.edu.mk.

ISO 9001:2008

Календар
aвгуст
« aвгуст 2014 »
повтсрчепесане
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031