Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Институти Компјутерски технологии и инженерство

Компјутерски технологии и инженерство

Постоењето и развитокот на Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ), каков што е денес, е резултат на севкупниот развиток на факултетот во овие 50 години. Почетоците би требало да се бараат во академската 1971/1972 година кога се формираа две катедри: Kатедра по електроника и Катедра по техничка кибернетика. Во тоа време набавен е првиот компјутер на Факултетот ИБМ 1130 и формирана е лабораторија за обработка на податоци. Тоа овозможи започнување со првите наставни дисциплини поврзани со програмирање и дигитални сметачки машини. Со основањето на Електротехничкиот факултет 1977 г., една од формираните организациони единици беше Институтот за електроника, кој покрај другите области ја негуваше и областа за компјутерството и информатиката.

Вистинскиот развој на областа компјутерска техника и информатика започна со формирањето на Заводот кој потоа прерасна во Институт за комјутерска техника и информатика во раните осумдесети години. Првите наставници кои ги формираа основните области кои ги негува ИКТИ се А. Грнаров, Д. Давчев, С. Божиновски и Д. Михајлов. Меѓу првите области кои почнаа да се негуваат беа компјутерски архитектури и мрежи, системски софтвер, вештачка интелигенција, обработка на податоци и бази на податоци. Позначајно окрупнување на Инситутот се случи во раните девеесети години кога тој се збогати со наставниците: З.Зографски, К.Гошева, А.Тентов, С. Лошковска и Г.Стојанов. Во доцните девеести години Институтот го напуштија и својата каријера ја продолжија во САД и Европа професорите С. Божиновски, З. Зографски, К. Гошева и Г. Стојанов. По 2000г. Институтот се прошири со нови наставници и тоа: В. Трајковиќ, Д. Ѓорѓевиќ, С. Гиевска, Д. Трајанов, А. Кулаков, С.Калајдзиски, С.Филиповска и И.Чорбев. Во 2007г. на Институтот му се придружи Акад. Љ. Коцарев, а во 2008 замина на друг Универзитет А. Грнаров.

Овој институт денес е одговорен за покривање на предметите од областа на комјутерска техника и Информатика на модулот ИКИ во рамки на насоката КТИА при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). ИКТИ опслужува 38 предмети во зимскиот и 51 предмети во летниот семестар на додипломските студии пред се на насоката ИКИ, но исто така и на останатите насоки на ФЕИТ. Одговорен е или активно учествува во 10 последипломски студиски програми. ИКТИ организира и тригодишни студии по Информатика. Како основни области кои се формирани на ИКТИ може да се наведат: комјутерски архитектури и мрежи, сигурност и криптографија, алгоритми и структури на податоци, бази и складови на податоци со податочно рударење, дистрибуирани, мултимедиски, информациони и мобилни системи, оперативни системи и системски софтвер и софтвер за управување со мрежи, микропроцесори и вгнездени системи, безжицни, мобилни и сензорски мрежи, биотехнологии и екотехнологии, Веб апликации и сервиси, компјутерска графика, софтверско инжењерство, вештачка интелигенција и роботика, е-технологии. Повеке десетици доктори на науки од областа на КТИ ги имаат завршено студиите на овој Институт. На ИКТИ тековно има 13 наставници од кои 5 се редовни професори, 2 се вонредни професори и 6 доценти и 22 соработници.

kti
Дел од наставниот кадар на Институтот

Во текот на скоро 30 години од неговото постоење ИКТИ бил и е клучна Институција од областа на КТИ во Р.Македонија. ИКТИ ја формираше и првата универзитетска компјутерска мрежа на УКИМ (раководител А.Грнаров). Во реализација на мрежата непосредно учествуваа и Д. Давчев и Д. Михајлов. Првиот идеен проект со прототипско решение за информационен систем за УКИМ е исто така дело на ИКТИ (раководител Д. Давчев). За одбележување е проектот од 1987-1990 под наслов Моделирање на високо надежни дистрибуирани воздухопловни пресметувачки системи за потребите на Воздухоплоство на ЈНА-екс Југославија (раководител А. Грнаров).

Покрај големата наставна ангажираност со најголем број на студенти во однос на било која друга насока на факултетот, ИКТИ има постигнато и многу значајни резултати во научно-истражувачката работа. Неговите членови објавиле над 2000 трудови на научни конференции од кои многу на меѓународни (IEEE & ACM) и околу 150 трудови во меѓународни списанија (како на пример во престижните IEEE Transactions on Software, IEEE Transactions on Circuits, IEEE Transactions on Systems, Man, Cybernetics и други реномирани светски списанија воглавно од IEEE & ACM). Цитираноста на овие трудови според СЦИ е околу 5000 пати. Добиени се повеќе признанија од типот “Best paper award”. ИКТИ има објавено десетина учебници, десетина научни книги, изработено повеке од 100 меѓународни проекти и исто толку домашни проекти поврзани со македонската индустрија. Најголемите софтверски проекти се изработени од членови на ИКТИ, како што е проектот за Искра Делта (1986, раководител Д. Давчев) и КИСОЕС (1991-1994, раководител Д. Давчев) за ЕСМ. ИКТИ работел проекти финансиски подржани од Американската агенција за наука (NSF_USA, Д. Давчев и Љ. Коцарев), DARPA_USA (Љ. Коцарев), FP- EU програмите (Д. Давчев, Љ. Коцарев, А. Кулаков, В. Трајковик, Д. Трајанов и С.Филиповска), ТЕМПУС програмите и многубројни билатерални меѓународни проекти во кои учествувале сите членови од Институтот. С. Лошковска, Д. Ѓорѓевиќ и А.Кулаков имаат долгогодишно раководно учество во македонската IEEE секција.

Институтот и неговите членови имаат добиено поголем број награди и признанија. Како на пример, Љ. Коцарев е член и секретар на МАНУ, како и IEEE Fellow. Д. Давчев е добитник на наградата Гоце Делчев за истражувања во што се од специјален интерест за Р.Македонија, и е IEEE Senior Member & ACM Senior Member. А. Грнаров со група соработници е добитник на наградата “11 октомври”, додека пак С. Божиновски е добитник на нагрдата “13 ноември”. Повеке членови од ИКТИ биле и се Визитинг професори во САД и други земји во Европа и светот (Љ. Коцарев, Д. Давчев, А. Грнаров, С. Божиновски, Г. Стојанов, З. Зографски, С. Гиевска, К.Гошева и други). Некои членови од ИКТИ биле членови и рецензенти на повеќе десетици програмски комитети на меѓународни конференции, членови и рецензенти на повеќе десетици докторати во странство (САД, Фра