Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ

Факултет

Студии

Наставен кадар

За Факултетот

СтопанствоDekan.png

Институти

Лаборатории

Библиотека

Научно-истражувачка дејност

Контакт

Тој што има знаење да владее со енергијата
и информациите ќе владее со светот

Понатамошниот развој на општеството, практично во сите области, во голема мера зависи од развојот на техниката, особено од електротехниката и информациските технологии.

Факултетот за електротехника и информациски технологии има три благородни задачи: да едуцира кадри кои ќе знаат да ги совладаат предизвиците на своето време, да дава придонес кон развојот на научната мисла во глобални рамки, а во исто време да учествува во развојот на стопанството на својата држава. Импозантни се достигнувањата на нашиот Факултет во секоја од овие три области.

Педесетгодишниот раст на нашиот Факултет се случуваше паралелно со растот на нашата држава. Почна во далечната 1959 година, како оддел на тогашниот Технички факултет со педесетина студенти, постепено се развиваше и прерасна во најголем технички факултет во државата. За големината на Факултетот сведочат повеќето од 6000 дипломирани електроинженери, 850 инженери, 270 магистри, 80 доктори на науки, како и сегашните над 4000 студенти на сите три циклуси на студирање. Монографијава која е пред Вас дава преглед на еволуцијата и прогресот на Факултетот од оддел на електромашинскиот отсек на Техничкиот факултет, преку триесетте години ЕТФ - Електротехнички факултет, до денешниот ФЕИТ - Факултет за електротехника и информациски технологии.

За сите овие педесет години Факултетот ги прилагодуваше своите студиски програми и својата организација на потребите на времето. Денес, кога се стремиме да бидеме дел од големото европско семејство, нашите студии се организирани по Европскиот кредит трансфер систем, според Болоњската декларација. Додипломските студии се организирани во девет, а магистерските во дваесет и четири студиски програми. Од почеток на следната година ќе почнеме со новите докторски студии организирани според ЕКТС и болоњските постулати. Сите тие нудат можност за образование со врвен квалитет, што резултира со инженери подготвени да решаваат проблеми од највисок степен и важност. Нашето внимание и напори се насочени кон образованието на инженери со квалитетно професионално знаење, со способност за аналитичко и критичко мислење. Се разбира, за успехот на ова поле заслужен е нашиот високо-професионален наставен кадар, кој континуирано се усовршува. Квалитетниот кадар, во комбинација со најновата технологија и опрема кои се користат во наставата, создаваат услови за мотивирачка средина за учење и истражување. Со нашата експертиза и изработените апликативни проекти, во стопанството сме активен и баран партнер. Горди сме на големиот број успешно завршени и имплементирани проекти финансирани од домашни и странски извори, работени најчесто со реномирани партнери.

Нашиот успех, покрај другото, е резултат и на тоа што кај нас се запишуваат најдобрите матуранти од државата, коишто подоцна, како студенти, многупати досега го докажале тоа преку високото ниво на знаења, но и преку одлично организираниот студентски живот.

Постојано ги следиме новите текови и трендови и, како една динамична и активна институција, се прилагодуваме на барањата и потребите на новото општество. Ние сме секогаш подготвени за промени и усовршување, за иновации, за модернизирање. За нас иднината е предизвик кој ги зајакнува нашите потенцијали и вредности. Знаеме дека можеме да бидеме успешни на долг рок само ако содржината на нашите програми биде синтеза на теорија и пракса, со интеграција на нови знаења и вештини. Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ е симбол за квалитет и ние сме цврсто посветени на тоа, стремејќи се кон продолжување на успешната традиција на која се гордееме.

Како резултат на долгогодишниот успех и прогрес ја носиме големата одговорност пред идните генерации - да продолжиме и понатаму да ги следиме предизвиците на времето и да останеме најдобри. Тоа е нашиот предизвик, нашиот мотив, нашата заложба.

Декан,
Проф. д-р Миле Станковски







ISO 9001:2008

Календар
aвгуст
« aвгуст 2014 »
повтсрчепесане
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031