Лични алати
Пријави се
Трага: Дома

Факултет за електротехника и информациски технологии

sp2017.gif



Тим од ФЕИТ победи и на балкански инженерски натпревар

20.5.2019.jpg

20.05.2019, Скопје – Тимот Space Divers, составен од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии Александра Мирческа, Марија Алексовска, Тијана Спировска и Бојан Страчковски победи во категоријата Case Study на инженерскиот натпревар EBEC (European Best Engineering Competition). Case Study e интензивна анализа која дава конкретно решение на некој технолошки или менаџерски проблем.

Повеќе...


ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN Evolution, Future Networks and Ultra-Broadband Internet”

ITU_Academy_logo.png

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „NGN Evolution, Future Networks and Ultra-Broadband Internet”.

28 мај до 24 јуни 2019 година

Повеќе...


ТЕСТИРАЊЕ НА 5G ТЕХНОЛОГИЈА - ПАРТНЕРСТВО НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ И ФЕИТ

5G.7.JPG

Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија.

Повеќе...


Студентите од ФЕИТ повторно добиваат меѓународно признание

proekt.FEIT.10.5.2019.1jpg.jpg

Проектот „Концепт за напреден систем за домување на возрасни лица“ на студентите Катерина Билбилоска, Милан Јанковски, Матеј Пунтевски и Константин Кузмановски од Факултетот за електротехника и информациски технологии освои награда најдобар проект во категоријата симулација на Меѓународната културна и академска средба на студентите по технички науки (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students – ICAMES 2019).

Повеќе...


ИНОФЕИТ објавува програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2019innofeit2019.png

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) е иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ за поддршка на 60-годишнината на ФЕИТ преку демонстрација на иновативниот капацитет на студентите.

Повеќе..


КОНКУРС за доделување пет стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува пет стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје за учебната 2018/2019 година.

Рок за аплицирање до 15.5.2019

Повеќе...


ИНОФЕИТ е македонски партнер на University Startup World Cup (USWC)

University Startup World Cup (USWC) е глобален натпревар на иновативни универзитетски стартапи чиешто финале секоја година се одржува во Данска како земја со еден од најразвиените иновациски екосистеми во светот. Натпреварот започнува со online пријавување на заинтересираните универзитетски стартапи и online следење на работилници кои им овозможуваат на стартапите да развијат бизнис план кој ќе биде предмет на оценување.

Повеќе...


ИНОФЕИТ започнува програма за поддршка на иновации кај студентите на УКИМ

31.03.2019, Скопје - Интердисциплинарни тимови од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ќе работат на создавање иновативни продукти и решенија во рамки на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019), во организација на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ. Ваквата активност претставува демонстрација на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ по повод 60 години ФЕИТ.

INOFEIT1.jpg

Повеќе...


ФЕИТ стана официјален центар за сертификација на Microsoft програми

28.03.2019, Скопје - Microsoft академија и тестинг центар, денеска, беа промовирани пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ во рамки на ЕУ Дигиталната недела. Со ова, ФЕИТ стана официјален центар за сертификација на Microsoft програми.

Повеќе...



Почна 6-тиот Саем за вработување и пракса КОНТАКТ 2019

На кампусот технички факултети, денес, официјално беше отворен шестиот Саем за вработување и пракса КОНТАКТ 2019. Саемот се состои од едукативен и саемски дел.

saemzavrabotuvanjeipraksaKONTAKT2019.jpg


Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС erasmus.png

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+. Времетраење на мобилноста за студенти е минимум 2 до максимум 3 месеци во термин јуни - септември 2019 година.

Повеќе...


INNOFEIT’s collaboration with Inform now backed with NOKIA’s Smart City platform

inofeit.6.2.2019.png

Smart cities and the internet of things is the future, and Nokia is a significant global leader in this space. This week, our executive team met with Mr. Darko Giljevic from Nokia Networks, prof. Dr. Dimitar Tashkovski, Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies (FEIT) Dean and prof. Dr. Vladimir Atanasovski, Vice-Dean for finances and Managing Director of INNOFEIT.


ФЕИТ ќе соработува со кинескиот институт Конфуциј

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Димитар Ташковски, ректорот на УКИМ, професор д-р Никола Јанкуловски и првите луѓе на Институтот Конфуциј при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, македонскиот директор, проф. д-р Влатко Стоилков и кинескиот директор, проф. д-р Лијао Веи, денес, потпишаа Меморандум за соработка.

IMG_1541.jpg

Повеќе...


Шеста студентска конференција за енергетска ефикасност и оддржлив развој – СКЕЕОР 2018


Во периодот од 4ти до 7 ми декември 2018 година под покровителство на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии се одржа шестата по ред студентска конференција „Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој“ – СКЕЕОР 2018. Од година во година конференцијата добива се поголем размер, а заинтересираноста меѓу студентите постојано се зголемува. Главен организатор на студентската конференција е Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР – Скопје,во текот на успешно одржаните денови студентите имаа прилика да ги презентираат своите научни трудови и да разменат и стекнат многу нови знаења преку комуникацијата и дискусиите со професорите и претставници од компаниите.

Повеќе...


ITU Centre of Excellence elearning курс: „Next Generation Mobile Broadband“

ITU_Academy_logo.png

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Next Generation Mobile Broadband” од 20 ноември до 17 декември 2018 година.

Повеќе...


INNOFEIT - IskraTel

Со новата академска година официјално започна и првиот проект на новиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИННОФЕИТ при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) во Скопје, во соработка со компанијата ITS ISKRATEL.

Повеќе...


ФЕИТ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

logoINNOFEIT.jpg

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска, ги отвори вратите на новиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.

Повеќе...


ФЕИТ прв факултет што ќе произведува чиста енергија од фотоволтаици

На 22.08.2018г. , на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје беа пуштени во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 KW. Едната централа е со моќност 10 KW e донација на ОКТА, а другата со моќност од  12 KW, која има и систем за акумулирање на енергија е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици - PV ESTIA, како и со сопствени средства на факултетот.

Повеќе...